ЗАПОЧНА СО РАБОТА  ЛИСТ.мк

Почитувани, од денес започна со работа новата автоматизиран платформа ЛИСТ мк

Се работи за автоматизирана интернет платформа (list.mk) , на која сите кои се заинтересирани ќе можат да најдат агрегирани информации од различни извори кои ќе можат да се превземат во форма на листи, табели или извештаи. Слични интернет платформи долго време постојат во глобалниот интернет свет, но на македонскиот пазар сеуште нема. Развојот на оваа платформа е обид да прерасне во иновација и да се здобие со белегот на уникатно решение кое ќе поставува стандарди во многу области.

Како мал дел од идните планови е делот во кој сите агрегирани јавно објавени информации ќе бидат систематизираме и класифицираме во едноставен и прегледен формат (листи, табели, извештаи) како финален продукт кој ќе треба да го замени непродуктивното пребарување и истражување на интернет просторот за квалитетни и систематизирани информации.

Да ги земеме за пример туристичките агенции и веб порталите. Иако, државата води уреден регистар за лиценците кои се доделени на агенциите, сепак многу често се случува туристичко патување да организира фирма која не е лиценцирана за тоа. Отука секој кој има намера да патува преку туристичка агенција ќе има можност да ја превземе листата на лиценцирани агенции и пред да изврши уплата од неколку стотици евра, да провери за каква агенција станува збор. Листата на туристички агенции ги  содржи клучните  информации како што се назив, број на лиценца, кога е издадена, колку време постои агенцијата и многу други.

Во делот на веб порталите, подготвена е листа на сите релевантни македонски портали ( домени ) кои продуцираат вести или вршат продажба на производи и услуги и во неа се содржи сите информации за правниот субјект кој стои позади секој сајт (домеин).

Сите информации автоматски се превземаат од официјалните сајтови на државните институции. Овие информации имаат статус од јавен карактер и јавно објавени информации. Со автоматизирана селекција  и систематизација се доаѓа до лесна визибилност и достапност до граѓанинот.

Во делот на точноста на податоците, гарантира самиот креатор на податоците и во секоја листа се наведени изворите на информации.

Исто така корисниците на оваа платформа ќе имаат можност да креираат и сопствени листи на услуги и сервиси кои се ретко барани и за нив имаат потреба професионалците во одредени области. Повеќето од овие сервиси и услуги можат да се работат од дома. Како најатрактивни се издвојуваат дизајнирањето во дигиталната сфера, потоа создавање на контент-содржина во разни области, новите видови на социјален маркетинг и професионалци кои го работат (маркетери), корисничка подршка на клиентите (кол центри) и.т.н. Дополнително во секоја од листите се предвидува да содржи оценка и  рецензии од корисниците со што ќе биде овозможено рангирање по квалитет на извршената услуга.

Во делот на стопанствовото и учесниците ќе се креираат листи на сите прозиводи и суровини во државата. Овие информации се достапни во ресорните министерства и државни органи, а автоматизираната платформа обезбедува квалитативно индексирање, средување и систематизирање во листи, табели или извештаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *