Зрачење креативни вибрации – пишувај за list.mk

pisuvaj-za-list-thumb

Со долго размислување и ревизија на ресурсите, одлучивме дека е најдобро да го зголемиме бројот на луѓе што сакаат да пишуваат и споделуваат креативни вибрации на list.mk

Начинот на пријавување е едноставен и се што треба да направите е да пратите електронска пошта дека сте заинтересирани на send [at] list.mk.

pisuvaj-za-list

Ова претстатува можност за споделување и создавање еден вид креативна струја што би ги организирала сите извори и модели за споделување и ширење на информации во врска со веб дизајн, графички дизајн, Интернет, програмирање наменето за интернет/веб/мобилен телефон како и најнови технолошки остварувања во врска со кориснички интерфејси, подобрување на корисничко искуство, опреативни системи и се тоа што може да биде вредно за сите посетители. Практична примена на интернет маркетинг преку визуелната комуникација и технологијата што може да се примени во пракса за SEO и социјалните мрежи. Се разбира дека сите овие категории се отворени за проширување и зголемување на нивната креативна смисла.

Начини на објавување на list.mk може да бидат преку илустрации, фотографии, презентација на архитектонски проекти како и концепти, дигитална уметност и промоција на уметници, програмери…. и различни креативци.

Смисливме интересен начин за заработка и пред сè веруваме во добра соработка базирана на доверба, оригиналност и склоност кон споделување.

gravatar
Автор: list
За авторот:

Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.