Зошто олимписките постери се лошо дизајнирани?

olimp

Олимписките постери еволуирале доста низ повеќе од сто годишното постоење на Олимписките игри. Но, според многумина меѓу кој и Дејвид Рос, бивш директор на Музејот на Современа уметност во Сан Франциско, станале полоши.

хелсинки 1952

Добар олимписки постер треба да содржи до некоја мера хомоеротицизам. До педесетите години на минатиот век, на секој постер мораше да има силен спортист или спортистка, стилизирани и скоро секогаш во некоја херојска поза, во стил на Бог или Божица, што јасно ја истакнуваа физичката сила при патот кон победата.

Во одреден момент Олимпијадата се отргна од величењето на силата и моќта на победата. Како главен „виновник“ за ова се сметаат големите корпорации кои имаат свои интереси во време на капитализам и на тој начин Олимипијадите стануваат се повеќе маркетингшки инструмент за профит.

За да успеат во намерите, прв и најважен чекор е брендирање, градење корпоративен идентитет, или со еден збор лого.

барселона92

За илустрација Рос ги зема Зимските Олимписки Игри во Ванкувер кои моментално се одржуваат. Целиот концепт и дизајн идеи само го продолжуваат дехуманизирањето на Олимпијадата.

ванкувер2010

Силуета на јаворов лист, неколку гуски и по некое дрво во самиот лист. Сето ова во бои на природата, комбинации од зелена и сина. Да не пишува никаде Олимписки Игри, прво на што би помислиле е кампања на некое невладино друштво за заштита на природата, или можеби рециклирање, или загадување на водите или…се, само не вели спорт, натпревар, издржливост…сето она што е во сржта на секоја Олимпијада.

Како контра аргументи на горе наведеното, сеуште постојат дизајни на постери од поново време на кои има атлетичар или спортист во актови на славење. Такви примери имаше во Сиднеј 2000 та и во Пекинг 2008 ма. Ако се разгледаат сите печатени материјали на една Олимпијада, може да се најдат слики со спортисти како се натпреваруваат, но никако како главен постер.

пекинг2008пекинг олимпијада 2008

Бонус: Сите логоа на Олимписките игри до сега, зимски и летни каде јасно се гледа прогресот во самиот дизајн.


gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

4 Коментари

  1. И ако добро забележав Дејвид Рос повеќе го интересира еротиката во Олимпијадата одколку приказната позади неа.

    Сега имаме други проблеми…

    Одлична хронологија иначе! Браво!

  2. старото правило

    sex sells 🙂

  3. Изминатата година работев на истражување на идентитетот Олимписките игри Ванкувер 2010, кој би го издвоил од називот “лошо дизајнирани”. Па со одредени исклучоци поголемиот дел од дизајните погоре се незадоволителни за настан како Олимписките игри 🙂