Значењето на векторската графика – SVG

svg znacenje
Scalable Vector Graphics е еден од најбитните визуелни сегменти што во иднина многу почесто ќе го гледаме. Инспирацијата за текстов ми потекнува од Google IO настанот каде што се презентираа имплентациите на технологиите како HTML5, CSS3 и SVG. Поради фактот што на голема врата веќе open-source (кај нас познато како слободниот софтвер) преминува во култура, особено за програмерите, треба да почне да се припрема на голема врата за секој полигон. Ако една работа е важна, тоа е начинот на заработката на нашите парички што ни овозможуваат полесен пристап до природните ресурси за опстанок, одржување на концептот живот и притоа користејќи слободен софтвер. Рачунајќи дека повеќето посетители на list.mk веќе се запознати со дигиталната продукција и начинот на заработка од таа индустрија, сакам на кратко да го презентирам значењето на SVG и колку тоа во иднина ќе го има.

Со свои зборови…

SGV или Scalable Vector Graphics е комбинација на XML код што генерира снопови на бои и вектори единствено преку тој обичен код. Тоа значи дека SVG форматот технички е XML код.

Разликите на SVG со png, gif и jpg

Штом е така, тогаш дигиталната обработка на тој графички приказ е незаменлива од било кое друго прикажување на таков приказ во пиксели. Таквата перцепција е многу фрапантна затоа што на било кој уред што пристапува на некоја софтверска платформа (особено на интернет) ќе изгледа со врвен квалитет и со најдлабокиот зум. Треба да бидеме благодарни на KDE проектот поради тоа, затоа што тие направија оперативен графички интерфејс таканаречен KDE 4 каде што целосно графиката е прикажана со SVG формат. Тоа значи дека секоја иконка генерирана и создадена како SVG пакет од 16×16 пиксели може да ја зголемите на 1280×1280 пиксели и таа пак ќе изгледа исто, со сè истиот квалитет. Не сме потрошиле многу хардверска работа на нашиот компјутер, а сепак тоа што го има на нашиот монитор изгледа совршено.

Како би изгледало тоа на останатите уреди?

Ако направам веб дизајн во некој софтвер како Inkscape, Xara Xtreme (open) или скапиот Adobe Illustrator и таа страна ја исечам за HTML индекс со SVG наместо со PNG, GIF или JPG слики, тогаш таа интернет страна ќе работи исто како со користење на битмапа, но можам истовремено да создавам разноразни промени на резолуции на мојот компјутер, анимации на истата интернет страна, како и промена нa големината на екраните од најразличните уреди што се со големина и до 4” (четири инчи) и нема да има никаква промена. Замислете колку хоризонтите на креативноста се прошируваат и добиваат на тежина, особено ако знам дека мојата визуелна комуникација од тоа што го создавам ќе изгледа совршено на PC, Notebook, iPhone или Android OS, Symbian OS, MeeGo OS, Windows OS, Mac OS, Ubuntu (и било кој GNU/Linux OS) или слично.

Да потсетам дека SVG пости повеќе од десетина години и е создаден од World Wide Web Consortium (W3C) далечната 1999 година, со цел да се постигне солиден квалитет на графички приказ на интернет со веќе постоечки универзален код. Перцепцијата за дигиталната графика од овој Духовден па натаму ќе почне на големо да се менува, а тоа е долго очекувана промена што треба да помогне во креирањето на нашиот интернет универзум каде што секојдневно ја споделуваме заедничката свест на големо, како локално така и на светско ниво.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

4 Коментари

  1. Подршката за SVG во KDE4 уствари доаѓа од подршката за SVG во Qt http://doc.qt.nokia.com/4.6/qsvgrenderer.html

  2. @minimoog77 и јас и ти знаеме дека тоа е веќе подлабока тема за SVG, но ќе слушнеш повеќе за Qt и SVG од мене на list.mk така да не се секирај 🙂

  3. […] со него (да расчистиме стереотипи и слично). Inkscape како векторска алатка во последните неколку години зазема еден сериозен […]

  4. […] Овие примероци се изработени во Inkscape слободен софтвер сличен на комерцијалните Illustrator и CorelDraw, односно во еден дел и Photoshop, особено во обработката на векторската графика. […]