Значењето на CSS3 и неговиот развој

css3

Како што е веќе познато Cascading Style Sheets (CSS) е документ со код што го обликува изгледот на една презентација напишана во markup јазик. Тоа најчесто го среќаваме во изработката на веб страни напишани во HTML и XHTML синтакса, но CSS може да биде применет на сите видови XML документи вклучувајќи ги SVG и XUL. Од „дамнешни времиња“ со појавата на CSS 1, што го препорачува и W3C стандардот, беше познат како „CSS Level 1“ (официјално објавен крајот на 1996). Можностите што ги понуди таквиот пристап на украсување на Интернет содржина овозможи повеќе нивоа на уредување. Располагање со фонтовите и нивната форма заедно со боја како и растојание помеѓу редови и букви, бои на текстови, боја на позадини, маргини и позиционирања и ред други работи. Најбитно е да се напомене дека до ден денес W3C го препорачува CSS1 уште како решение за интернет презентирањето.

W3C – The World Wide Web Consortium (W3C) е интернационална заедница што развива стандарди со кои обезбедува посигурен развој на Веб мрежата, во подолги временски рамки. Доколку вашата веб страна е валидирана со W3C стандардите тогаш имате намален број на проблеми при транзиционо прикажување на веб содржината во повеќе интернет прелистувачи, а со тоа квалитетот е на врвно ниво и веб содржината ќе изгледа така како што е направена денес и во далечна иднина. Исто се однесува и на преносните уреди со мобилни софтверски апликации, односно минимум 90% од тоа што сте го создале ќе изгледа така како што е, на сите интернет излези.

Околу CSS 2 (CSS Level 2) развиен од W3C и објавен официјално како препорака во Мај 1998, е ништо друго туку подобрен CSS Level 1. Тоа вклучува нови способности во украсувањето на Веб содржината во една веб страна. Тие подобрувања се однесуваат во поставувањето на апсолутни, релативни или фиксни позиции на елементите, користење на z-index како и сенки на текст, текст што може да се пишува во две насоки. Секое преминување на ново ниво, така и во овој случај CSS2 ги поправа некои грешки што се појавуваат во CSS1. Важно е да се напомене дека е исто така W3C препорачан.

CSS 3 е сеуште во развојна фаза, но голем број веб дизајнери/програмери веќе го употребуваат, а со тоа CSS3 навлегува доста успешно на голема врата. W3C во оваа насока одржува CSS3 известување во напредокот на синтаксата, но околу препорачувањето за користење нема точни информации. Иако не е препорачан за користење од W3C заедницата, тоа не значи дека не треба да се користи. Ако веќе го користиме, тогаш треба внимателно да се состави со цел пристапот од било кој уред или интернет прелистувач да го прикаже во вистинско светло.

За вистинската слика околу успешната употреба на CSS3 ви припремивме една листа на интернет страни и се надеваме дека ќе делуваме инспиративно во проширување на хоризонтите:

Tweet CC

Tim Van Damme

The FELLA

tap tap tap

A Differentdesign

Beak App

Blog Spoon Graphics

Pricing Menu CSS3

Roman Cortes's CSS3 Rolling Can

Mozilla Jet Pack

Polaroids via Zurb, CSS3 experiment

CSS3 Example Accordion

Tabs in CSS3

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

4 Коментари

  1. […] и CSS(3) каде што блоковите за градење ќе бидат во HTML, а фасадирањето ќе се уредува со CSS. Околу создавањето на тој универзум треба да има […]

  2. […] извор за примери како да се применува користење на HTML5/CSS3 технологијата за создавање Интернет содржина.HTML5 […]

  3. […] -moz- во CSS, а тоа значи за секој нов ефект што го имаме во CSS3 треба да пишуваме уште една линија код, на […]

  4. […] Shell + Mutter. Со исфрлање на стариот gnome-panel и воведување на CSS и JavaScript технологија вградена за полесно корисничко […]