Збогатен избор за интернет сурфање на мобилни уреди

Откако неколку милиони корисници почнаа да пристапуваат на интернет преку своите телефони, така и сурфањето на интернет преку телефон стана се послатко и послатко. Вообичаено, до сега имаше мала конкуренција во тој сегмент, но денеска работите се сменија. Целата приказна започна со појавата на Opera Mini, браво за Оpera.

Opera Mini

Најпознатиот интернет прелистувач за мобилни уреди и паметни телефони. Освен што е бесплатен за користење нуди и голема флексибилност во малата зафатнина и технологијата што се користи за презентирање на интернет страни. Земајќи ги убавините од Opera интернет прелистувачот за PC, ги презентира интернет страните во целосен формат со можност за зумирање во делот што нè интересира од посетената веб-страна. Со користењето на технологијата за побрзо отварање на интернет страна троши малку време за да се отвори истата и го подобрува корисничкото искуство.

Оперативен систем: Android, Symbian, Blackberry, iPhone, Windows Mobile

Skyfire

Еден од интернет прелистувачите за телефони и мобилни уреди што ѝ дише во врат на Opera Mini. Јазичињата се присутни и се малку различно решени од останатите конкурентни софтвери. Но најголемата предност што ја има оваа апликација е можноста за гледање Flash содржина. Сите YouTube видео записи и слични Flash видео материјали ги чита и известува кога се спремни за гледање. Интересен додаток е SkyBar менито од каде што може да посетите слични видео записи од последната тема што сте ја гледале и истиото видео да го споделите на некоја од социјалните мрежи или преку електронската пошта.

Оперативен систем: Android, Symbian, iPhone, Windows Mobile

UC Browser

Познат на источниот дел од нашата планета, особено во Кина, Јапонија и Јужна Кореја кадe што веќе има епитет на ветеран за интернет прелистувач за мобилни уреди/телефони. Овој прелистувач нуди напредно пребарување на инетнер мрежата што во повеќето вакви мини модели го немаат. Но најпаметното кај него е напреднатото користење. Овозможува многу можности за нагодување и уредување во начинот на употреба. Дури може да го нагодуваме и download manager. Брз и лесен пристап до зачуваните омилени веб-страни и брзо и лесно сурфање на интернет мрежата.

Оперативен систем: Android, Symbian, iPhone, Windows Mobile

uZard Web P

Најлесен, најбрз и невообичаен интернет прелистувач. Толку мал софтверски пакет, а чуда може да се прават со него. Зафаќа многу малку работна меморија при работа, исто важи и за процесорска искористеност што овозможува подолго траење на батеријата. Иако на нивната страна пишува дека лесно се ажурираат мултимедијални содржини со него земав да го истестирам баш тоа и искрено немам зборови. Ќе го користам само за да прикачувам слики со него некаде на интернет кога ќе ми затреба тоа преку телефон. Корисничката приказна е иста како да работиш на desktop компјутер само што во случајов чекаш подолго заради „брзата“ конекција на интернет. Подржува се што може да понуди интернет мрежата во сегментот на сурфање.

Оперативен систем: Android, Blackberry, Windows Mobile

Fennec

Неможев да го изоставам него иако уште е во Beta 1 развојна верзија, едноставно си ги сакам Mozilla. Fennec е замена за Firefox на мобилни телефони и уреди. Суштината е да се пренесе Firefox сурфачко искуство на мобилен телефон или netbook/tablet компјутер. Се вметнуваат технологиите за неоптеретена работа на хардверот како што се батеријата и процесор. Во тек се воведување на некои софтверски технологии како TraceMonkey и Gecko.

Оперативен систем: Мaemo, Android

Колку за крај би сакал да ја погледнете табелата на toptenreviews.com каде се споредени големите интернет прелистувачи за 2011 година.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

2 Коментари

  1. […] треба да имаме за само еден човек што има компјутер, мобилен, а сега и телевизор и играчка конзола што пристапува […]

  2. […] оптимизирана графика и минимален пренос на податоци преку Интернет. Сите овие сегменти треба да се разгледаат особено […]