Воведуваме прашања и одговори (ПИА)

Прашања и одговори

Со цел да го споделиме нашето знаење и искуството што го имаме стекнато до сега во креирањето дигитална содржина, воведуваме ново надополнување на list.mk каде што секој може да постави (не толку тешко) прашање од техничка природа и да добие соодветен одговор. Прашањата што ќе бидат разгледувани треба да се однесуваат на интернет технологијата како што е веб програмирање, веб дизајн, графички дизајн, фотографија, цртање, работа со бази и сервери, хостирање на интернет страна и слично. Етикетата за активностите со прашањата ќе ја препознаете под кратенката ПИА (прашања и одоговори).

Поставување на прашања ќе се одвива преку нашата електронска пошта send [@] list.mk или Twitter и Facebook членствата. Поставувањето прашање на Twitter треба да биде надополнето со хаштаг #listPIA. Секое прашање што ќе биде поставено ќе се разгледа и доколку го одговориме ќе го објавиме како пост на list.mk. Ако некој од социјалните мрежи покаже дека има познавање од областа што е поставено прашањето, тогаш ќе се обидеме со заеднички сили да го одговориме поставеното прашање со учество на гостинот што го знае одговорот.

Со интеракција и споделување ќе се обидеме да си помогнеме едни на други во иднина да создадеме заедница на луѓе што нема да се плашат да постават/одговорат на прашања од технички карактер и интернет техлоногијата.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.