Воведуваме галерија за креативна презентација

galerija_list
Со цел да ја зголемиме промоцијата на нашите креативци воведовме галерија низ која секој ќе може да ги презентира своите дела.

Галеријата ќе биде отворена за секој и ќе овозможи на сите што имаат создадено некаква илустрација, дизајн, веб страна или фотографија бесплатно да го промовираат своето дело/портфолио со споменат линк и наслов од истото. Сите заинтересирани нека испратат линк до нивното портфолио во коментарите од овој пост или доколку веќе имаат омилено дело нека ни го пратат на send [@] list.mk со линк и наслов.

Сè што ќе ни пратите заеднички ќе го разгледаме и со заедничка одлука тимот на list.mk ќе се потруди тие дела да се појават во галеријата.

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

2 Коментари

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Blagoj Kapsarov and Gjorge Karakabakov, Goran Peoski. Goran Peoski said: браво листовци, ако оваа ваша идеја заживее, не ќе морам „нашинциве“ да ги „бркам“ по deviantart http://at.azder.mk/dTWzhi […]