Вовед во PHP

voved vo php

Денес PHP претставува еден од најчесто користените јазици за изработка на динамични веб сајтови. Создаден е од страна на Rasmus Lerdorf во 1995, а неговото развивање е во постојан тек. PHP е open-source програмски јазик, па на интернет многу лесно можат да се најдат готови решенија за многу случаи. Кодовите се вметнуваат во html документот, а за нивно извршување потребно е на серверот да има инсталирано интерпретер. Интерпретерот може да работи на скоро сите оперативни системи. Со доаѓањето на 5тата верзија, јазикот започнува да поддржува и објектно-ориентирано програмирање.

Вметнување во html документ

PHP кодот може да се вметне во било кој дел на документот, помеѓу <?php и ?>. Доколку подршката е овозможена, може да се користи само <? наместо <?php, но сепак препорачливо е да се користи целосната форма.

Пример:

<html>
<body>

<p><?php echo "здраво народе!"; ?></p>

</body>
</html>

Со кодот од примерот во прелистувачот ќе се испише „здраво народе!“.

Променливи и константи

Променливите и константите се користат за складирање на податоци. На променливите низ кодот може повеќе пати да им се доделува различна вредност, додека кај константите вредноста се декларира само еднаш и не се можни промени. Заедничко за двете е тоа што не е потребно да се декларираат од кој тип ќе бидат податоците што се складираат во нив.

Декларирање и користење на променлива:

$ime = "Дејан";
echo $ime;
// ќе се испечати: Дејан

Декларирање и користење на константа:

define('ime', 'Дејан');
echo IME;
// ќе се испечати: Дејан

Коментари

Коментарите во кодот можат да бидат напишани во еден ред со користење на // или во повеќе редови со пишување помеѓу /* и */.

Примери:

// коментар од еден ред

/*
    коментар
    во повеќе
    редови
*/

Услови

Многу пати е потребно во различни случаи кодот да се извршуваат различни наредби. За реализирање на тоа се користат условите. Во PHP постојат if, else и switch условите.

If..Else услови

Преку if се реализира извршување на наредби само доколку поставениот услов е исполнет.

ако УСЛОВ {
	наредби
}

Пример:

$broj = 2;

// ако бројот е поголем од 1
if ($broj > 1) {
	// испиши дека е поголем
	echo "Бројот е поголем од 1";
}

За извршување на едни наредби кога условот е исполнет, а други кога не е, се користи if..else:

ако УСЛОВ {
	наредби
} во спротивно {
	други наредби
}

Пример:

$broj = 2;

// ако бројот е поголем од 1
if ($broj > 1) {
	// испиши дека е поголем
	echo "Бројот е поголем од 1";
} else {
	// испиши дека е помал
	echo "Бројот е помал од 1";
}

Switch услови

Switch условите се користат кога е потребно за повеќе услови да се извршуваат различни наредби. Доколку ни еден од условите не е исполнет се извршуваат наредбите кои се поставуваат кај default случајот. Break наредбата се користи за да се прекине со проверка на другите услови кога еден од условите ќе биде исполнет.

Пример:

switch ($broj) {
	case 1:
 		echo "Бројот е 1";
  		break;
	case 2:
  		echo "Бројот е 2";
  		break;
	case 3:
  		echo "Бројот е 3";
  		break;
	default:
  		echo "Внесовте погрешен број";
}

Циклуси

Често пати потребно ни е одредени наредби да се извршат повеќе пати. За тоа во програмирањето се користат циклусите.

Постојат while, do..while, for и foreach циклуси. Ќе ги разгледаме while и for циклусите.

While циклуси

Овие циклуси се користат за извршување на поставените наредби се додека е исполнет некој услов.

додека УСЛОВ {
	извршувај ги наредбите
}

Пример:

$broj = 1;

// додека бројот е помал или еднаков на 5
while ($broj <= 5) {
	// печати го бројот во нов ред
	echo $broj ."<br />";
	// зголеми го бројот за 1
	$broj++;
}

Ќе се испечати:

1
2
3
4
5

For циклуси

For циклусите ја имаат истата намена како и while условите. Разликата е во тоа што кај for циклусите знаеме колку пати ќе се извршат наредбите. Овие циклуси често се користат како бројачи.

for (инцијализација на променливата; услов; наредби над променливата) {
	извршувај ги наредбите
}

Пример:

/*
со секое извршување на наредбите од условот
вредноста на променливата $broj ќе се зголемува
за 1.

Наредбите ќе се извршуваат се додека вредноста на
$broj е помала или еднаква на 5.
*/

for ($broj = 1; $broj <= 5; $broj++) {
	echo $broj ."<br />";
}

Ќе се испише:

1
2
3
4
5

Низи

Низите претставуваат специјален вид на променливи кои мошне често се користат за складирање на податоци. Низите всушност претставуваат листа од повеќе елементи. Во PHP постојат нумерички (за индекс имаат број) и асоцијативни (за индекс имаат збор) низи.

Бројот на индексите кај нумеричките низи секогаш започнува од 0.

Пример за нумеричка низа:

$niza = array(5, 6, "sedum");

// печатење на првиот елемент: 5
echo $niza[0];

// печатење на третиот елемент: sedum
echo $niza[3];

Пример за асоцијативна низа:

$korisnik = array(
	'ime' 	   = 'Dejan',
	'email'    = 'angelov@ultim8.info',
	'lokacija' = 'Kocani'
)

// печатење на некои од елементите:

echo $korisnik['ime'];
echo $korisnik['email'];

Функции

Функциите во програмирањето се користат за да се избегне пишување на истиот код на повеќе места. Во PHP постојат над 700 веќе вградени функции. Веќе се сретнавме со echo, define и др. Покрај веќе вградените можеме да дефинираме и наши функции:

function име (параметри) {
	наредби
}

Пример за функција без параметри:

// функција која ќе пресметува збир од првите 5 броја.

function zbirPet() {

	$zbir = 0;
	for ($i=1; $i<=5; $i++) {
		$zbir+=$i;
		// скратено од $zbir=$zbir+$i;
	}

	// return се користи за враќање на резултатот
	return $zbir;
}

$x = zbirPet();
echo $x;
// ќе се испечати 5

Функција со параметри:

// функција која ќе пресметува збир од првите x броја.

function zbirX($x) {

	$zbir = 0;
	for ($i=1; $i<=$x; $i++) {
		$zbir+=$i;
	}

	return $zbir;
}

$x = zbirX(5);
echo $x;
// ќе се испечати 15

Уште нешто за читање:

На блогот веќе се објавени неколку почетнички php туторијали кои би можеле да ги разгледате:

  • Користење на mySQL база на податоци во PHP
  • Сесии во PHP
  • Користење на колачиња (Cookies) во PHP
  • сите туторијали…
  • gravatar
    Автор: Дејан Ангелов
    За авторот:

    Веб развивач заинтересиран околу работа со PHP и JavaScript (jQuery). Wanna learn Ruby.

    2 Коментари

    1. Прво да те пофалам за постот. PHP е прекрасен јазик и неговото популаризирање е позитивно.

      Второ, пријателски совети:

      1. Кодот погоре има грешка, не е индексот „3“ (што ќе исфрли грешка), туку „2“:

      // печатење на третиот елемент: sedum

      echo $niza[3];

      2. Ќе биде убаво да се придржуваш до еден ист стил во кодирањето. На пример, некаде оставаш празни места меѓу операторите, а некаде не:

      а) $zbir = 0;

      б) $zbir+=$i;

      Тоа го прави кодот потешко читлив за почетници, а очигледно тие ти се таргет група, гледано според постот.

    2. // функција која ќе пресметува збир од првите 5 броја.

      function zbirPet() {

      $zbir = 0;
      for ($i=1; $i<=5; $i++) {
      $zbir+=$i;
      // скратено од $zbir=$zbir+$i;
      }

      // return се користи за враќање на резултатот
      return $zbir;
      }

      $x = zbirPet();
      echo $x;
      // ќе се испечати 15 – imase mala greska (bese 5)
      Функција со параметри:

      // функција која ќе пресметува збир од првите x броја.

      function zbirX($x) {

      $zbir = 0;
      for ($i=1; $i<=$x; $i++) {
      $zbir+=$i;
      }

      return $zbir;
      }

      $x = zbirX(5);
      echo $x;
      // ќе се испечати 15