Трендови во дизајнот на интернет страни [2010]

Со зголемениот подем на интернет просторот во нашата држава, дигиталната презентација на интернет се повеќе и повеќе напредува во квалитетно и креативно ниво. Тоа е така благодарение на креативните македонски програмери и веб студијата што пласираат интересни продукти. Сите тие инволвирани креативци изгледа добро ја пратат меѓународната интернет сцена каде што трендовите имаат високи вредности и креативен предзнак. Добро е да се провери во текот на една година како напредува целиот тој сектор.
Благодарение на неколку твитераши и неколку веб дизајн компании се собраа околу дваесетина интернет страни што (барем според мене) вреди да се соберат на едно место со цел анализата околу движењето на целиот тој концепт да влијае уште повеќе на новите интернет проекти што ги среќавме сите.

Тазе понуда

Со почетокот на оваа 2010 година многу нагло изникнаа нови интернет портали, проекти, интернет страни со доста интересна содржина и идеја. Повеќето се однесуваат на промоција на брендови, настани и проекти, додека интернет вестите и порталите за информации сметам дека се уште се далеку од добар изглед спакуван со добра содржина (за жал имаат само содржина).

Карамело

Caramelo

Интернет страна што го презентира кафе-локалот Карамело и понудата на активности и мени што гостите можат да го гостираат таму. Една од најкреативно дизајнирани интернет страни досега со таква тематика во нашава држава.

Космо

Cosmo Tinex

Cosmo Tinex е проширувањето на брендот Тинекс во козметиката со специјален пристап каде што е „нападната“ женската популација. На интернет страната може да се информираат сите заинтересирани околу продуктите што ги има во нивните продавници како и интересни совети за нивно користење.

Хотел Пела

Hotel Pela

Охридски хотел што го нашол вистинскиот рецепт за компанија што треба да му одработи презентациски простор користејќи Flash платформа со одлична оптимизација на графика и анимации.

Останати интернет страни со слична тематика

Пицерија Енрико

Picerija Enriko

Игуана Турс

Iguana Turs

Травел ту Охрид

Travel 2 Ohrid

Општествено корисни и стручни интернет страни

Јавно Сообраќајно Претпријатие – ЈСП

JSP

Иако се доста озлогласени и редовно на тапет, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје сакајќи или не, изненади со доста креативно спакувана интернет страна. Освен што е со максимален контраст од скапаницата што ја имаа до пред некој месец, новата интернет страна делува квалитетно и професионално што го крева нивото за тоа како треба да изгледа една интернет страна од јавен карактер.

Катедра за медицинска хемија

Katedra za Hemija

Освен што е со тема од здраствена и медицинскa стручност, интернет страната го претставува и Медицински факултет како образовна институција. Незнам за вас, ама јас би бил горд студент доколку мојот факултет вака се грижи за својата глобална презентација.

Повеќе добри примери

Побарај

Pobaraj

Јас

Jas

Собрание на Република Македонија

Sobranie na RM

Сее Биз

SeeBiz

Добра Работа

Dobra Rabota

Сакам книги

Sakam Knigi

Неколку проекти, настани и креaтивни студија

Филмски Фестивал Браќа Манаки

Manaki Film

Име си е име

A name is a Name

Сектор Филм

Sektor Film

Филигрее Арт

Filigree Art

Дна Рендер Студио

DNA Render

Кинооко Продукција

Kinooko

Концепт Комуникации

Concept

Благодарност до:

Твитерашите што помогнаа во создавањето на постот: @cchevymk, @darkopecevski, @skechboy, @perfectflow

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

11 Коментари

  1. Благодарност што го ставивте http://www.jas.mk во листата. Поздрав

  2. испуштени се одлични идеи и реализации како odgovori.mk, 0.mk…?

  3. Фина листа…

    Кликнав на некои кои ги немав видео до сега.. и на два од нив ми се пушти автоматски музика… 🙁

  4. Супер статија ќе беше уште по супер ако ја имаше и http://www.mafia.mk 🙂 🙂 во секој случај браво продолжете само напред list.mk

  5. одлично, браво за македонските веб дизајнери…

    со една забелешка… нема ништо креативно на страницата од IGUANA Tours

    тоа е само обична инсталација нa joomla темплејт

    http://www.joomla1.5.youjoomla.info/youtravel/

    многу подобра НЕ joomla преработка имаат OskarTravel http://oskartravel.com.mk

  6. Дефинитивно е тренд да се користат готови темплејти (како во примерот со http://pela.com.mk) или готови пиратски скрипти

  7. Е како можеше вакви копиранти… срамоти http://www.templatemonster.com/flash-templates/13… => http://www.hotelpela.com.mk ама тренд!?

  8. 🙂 interesni dizajni.. nego .. avtomatski muzika — NE

    flash.. izgleda "flashy" .. ali ajde da te vidam najdi gi sajtovite tie na google ili drug search engine.. za SEO ne gi biva flash..

    drugo .. templatemonster sekoj moze da poseti ..

    nego ima i 4esni isklucoci.

    kako i da e interesna lista .

    pozz

  9. Како прво 90% од сајтовиве се темплејти, значи готови страници превземени од интернет…. Како второ и вие користите готов темплејт…. Како трето имајте убав ден 🙂

  10. @ne e bitno По што заклучи дека сајтов користи готов темплејт?

    Темата за сајтов ја правев лично јас и не е готов темплејт.

    Каде го имаш видено истиот темплејт?