Тажната порака ги одбива купувачите

mece_thumb

Една од интересните работи каде што се гледа пристапот за градење на еден бренд е зрелоста на тој создаден „знак“. Освен што треба да претставува некаква приказна или симболика за компанијата/агенцијата/трговскиот член на некој пазар треба да делува на психологијата кај коминтентите од кои, со помош на брендот, фирмата треба да заработи.

За приказ околу тоа како делува една таква тажна слика и како влијае врз психолошката состојба на самите корисници на тие услуги ќе го земам брендот Тедико Супермаркети и нивниот цртан лик Тажно мече.

Tazno mece

Немам некоја посебна причина поради која би се сметал овој пост за напад, напротив, сакам да помогнам во подобро спознавање на бреднот и како делува тоа не само на мојата психичка состојба кога ќе го здогледам тажното мече, туку зошто не би влегол јас и вие токму поради таа причина.

Каква порака е празната кошничка пред вратата од супермаркетот?

Кога некој бренд за свој знак одбира цртан лик, особено кога тој лик треба да привлекува купувачи затоа што дејноста конкретно кај брендот Тедико е трговска дејност во малопродажба, тој треба да зрачи со среќа, позитивни емоции и да повикува на пораката: Полната кошничка кај нас е најполна.

Тажното мече со празна кошничка во случајот на овие маркети е одбивно и тажно. Прашање до одговорните на тие маркети: Дали би отишле на гости кај некој што плаче и нема што да јаде, а ве повикал на гости?

Prazn kosnicka

Тажно лице не значи весело добредојде

Комуникацијата за повелете во нашите дуќани, Ве чекаат големи попусти и убав престој на самиот влез е спротивно презентирана. Вака залудна е борбата со флаери и наградни игри кога гостите ќе ги пречекаме во очајно светло. Ова го предлагам како позитивна порака затоа што изборот на цртан лик за некој бренд како што се ланец на супермаркети е прилично оригинално кај нас и би сакал да помогнам во рамислување за некаква подобра приказна каде што барем мене ќе ме натера спокојно и среќно да го посетам маркетот за да пазарувам некакви добра.

Tazno lice

Предлог

За таа цел припремив еден пример, според мене, за такво среќно меченце што можеби ќе ја збогати позитивната вибрација во прикажувањето на Тедико брендот.

Srekno mece

Би сакал да слушнам ваше мислење за слични примери каде нашите компании погрешно пристапуваат во комуниција со нивните потенцијални клиенти.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

5 Коментари

  1. Добра анализа.
    Ама на глуви уши им збориш. Во нашево. локално Тедико, на само 100 метра од мојата куќа, не сум влегол со месеци, море, години.
    Последен пат кога бев, прашина по рафтовите и производите и истите теткици со гунчиња како од „предратна“ Славија.

    А логото, очигледно, е чиста импровизација, направено од комшиското дете-компјутерџиче, после две кверија на Google Images и малку фотошопско спојување.

  2. Пред многу години кога работев нешто блиску до дизајн 🙂 и запишав постдипломски по комуникации ме водеше една мисла со која ги спојував двата света: дизјанот е комуникација.

    За жал има многу кои не го сфаќаат тоа и ден денес. Има полно кои мислат дека само треба да има шарени и понекогаш добро ускладени бои и линии за да биде добар дизјан а забораваат дека целта на дизјанот е да ја испрати посакуванта порака на најефективен можен начин…

    Супер демострација си направил. Одличен пост.

  3. Леле секоја чест за тедико логово со уште еден другар го озборуваме и смееме веќе долго време, заборави исто така да го спомнеш и лошиот да не речам одвратен фонт. Браво, ова треба да иде као памфлети низ Скопје лол

  4. стварно тажно е мечевокако да отишло да купи за јадење нешто а наишол на празни рафтови

  5. Da, vo pravo ste tazno e meceto i prazna e korpata, toa mece vo Tediko zapocna da se koristi kako lik za humanitarnite akcii koi 4 godini po red se organiziraat, korpata e prazna bidejkji vo zavisnost od periodot i donacijata se menuvaat podarocite koi stojat vo nea, Meceto e nedorabotena maskota na marketite, kako i staroto logo so kako sto ste napisale odvraten font i boite.. Vo momentot nazalost mora taka da bide..no seto toa nabrzo ke se promeni..Tediko sprema rebrendiranje koe se smeta za golema investicija kade site ovie vazni raboti ke gi popravi, a taka e sega bidejkji pravno e vrzan i so imeto i so ostanatite raboti.. vo momentot povazno bese da se povrati doverbata na kupuvacite, da se izborime za niski ceni, za dobri akcii i nagradi, da se renoviraat marketite i da se otvorat novi.. da se smenat uniformite na vrabotenite..i uste mnogu povazni raboti za koi ke ima promeni kako sto vekje imase ovie 4 godini so doagjanjeto na noviot gazda i noviot menadzerski tim.. Koga bi znaele Vie niz se sto mina ekipata na Tediko Super za da popravi se sto bese pred 4 godini unisteno veruvajte Tedi duri i srekjen ke Vi izgleda… Pozdrav.. i kje bide uste podobro…