Taze.mk место за тазе објавени Интернет страни

Taze.mk Thumbnail

Лесно промовирање и откривање на нови Интернет страни објавени на едно место. Идејата позади овој проект е можноста за огласување на вашата Интернет страна што ќе овозможи поголема виденост и посетеност.

Денеска е петок, 11 јануари 2013 година и го прогласуваме Taze.mk за отворен!

Taze.mk

На Taze.mk можете да објавите Интернет страна, што не е задолжително да биде нова, но сепак ќе биде на едно место заедно со другите каде што секој може да прегледа што е објавено во одреден период.

Објавувањето на веб-страна е многу лесно и подразбира внесување основни информации како, наслов, опис, линк и слика од веб-страната. За ослеснување при креирањето слика од Интернет страната може да користите сервис за screen-shots како thumbalizr. Во меѓувреме се работи на можноста Taze.mk автоматски да зема screen-shots само со внесување на URL патека.

Mignix

Проектот е дело на компанијата Мигникс од Радовиш, каде сум и јас среќен вонреден член. Идејата ја разработивме со Горан и потекнува од моделите како Best Web Gallery, но не постојат никакви ограничувања за каков вид на веб-страна може посетителот да објавува. Рангирањето и посетеноста се дополнителни филтри што ќе овозможат истакнување на добрите проекти и причина за освежување на помалку добрите.

Посакувам проектот да постигне голем успех и во иднина да ги вградиме сите модерни презентациски можности на Интернет.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.