Статии со клучен збор ‘spam’

Контакт формулар кој не сака Spam ботови 2

Пред околу еден месец пишував како може да се заштити контакт формулар од Spam ботови но не го објавив објаснувањето како е направен формуларот. Како што ветив, следува кодот од овој формулар:

Повеќе

Контакт формулар кој не сака Spam ботови

Пред неколку недели се размислував како може да се заштити контакт формулар од Spam ботови, но за разлика од останатите, овој да биде едноставен за пополнување и без Captcha. За да направам ваков формулар решив да не барам на интернет туку да направам свој.

По неколку дена размислување, се разбира не цело време 🙂 ми текна дека Spam ботовите најчесто ги посетуваат страните со исклучени CSS и JavaScript, па така ако додадам дополнително поле во формуларот кој ќе биде скриено со CSS, ботовите сепак ќе успеат да го видат и ќе го пополнат. Ова поле ќе послужи како проверка дали формуларот е пополнет од човек или бот. Доколку полето е пополнето станува збор за бот, а доколку не, тогаш формуларот е пополнет од човек. Супер!

Повеќе