Статии со клучен збор ‘Photoshop’

Креативно сафари #3 – Априлска шега

ks3-list.mk

Сакаме да ве предизвикаме на уште едно креативно сафари каде што ќе ја презентирате пролетта на нашите работни околини и Априлилили…

Повеќе

Мамо, мамо, сакам Bamboo Fun

bamboo_thumb

Можеби едно од најновите ремек дела создадени за дигитално цртање и комуникација на допир со вашиот компјутер. Да, сум пристрасен затоа што многу си ги сакам таблиците за цртање на Wacom, но да не се залажуваме, сепак изборот е на место.

Повеќе

Како да направите копче во Photoshop

klikni me

Во овој туторијал ќе ви покажам како да направите копче во Photoshop кое ќе изгледа супер и ќе ги натера вашите посетители на сајтот да кликнат на него без никакво размислување. 🙂 Копчето ќе можете едноставно да го прилагодувате според вашите потреби, да му ја менувате бојата или големината и тоа само со неколку клика.

Повеќе

Бесплатни веб-иконки слободни за користење

Veb Ikoni Thumb

Овие мали сликички ретко кој кај нас има време да седне и да ги прави оти сите проекти обично треба да се готови до вчера. Нашите клиенти стално негде им се брза и тоа силно делува врз директорите, а директорите знаеме кој требе да го „јачат“. Притисок, бесмислен притисок со што истовремено очекуваат тоа што го правиме да свети оти ако има малку кал, аaa не е професионално. Јас немам проблем често пати (од дед лајн мотиви) да користам слободни веб-иконки за користење, особено тие што се бесплатни и ослободени од големи авторски забрани со можност за комерцијална употреба.
Освен што допринесуваат за крајниот продукт да изгледа пристојно времето потребно да се имплементираат е многу кратко. Скоро за сите нема потреба од користење Photoshop или сличен багер за работа со графика.

Повеќе

Креативно сафари #1 затворено

Креативно Сафари #1

Со оглед на фактот дека имаше многу пријавени на кративното сафари за пролетни позадини, ние со тешки маки се одлучивме за неколку (никој не се пријави нели). За тие позадини што не се објавени се надевам дека нема да не сватите погрешно. Објавените позадини што следуваат подоле слободни се за секој да си ги зачува и да си ги користи на својата позадина, само доколку ве прашаат за нив (ама само ако ве прашаат :]) може да нè пофалите малце, благодариме однапред. Големи се 1680×1050 px и 1280×1024 px од двата примери, што исто може и да си ги скратите доколку имате помали монитори.

Повеќе

Креирај сопствено „преземи“ копче во Photoshop

Околу дизајн и креирање на графичка содржина на интернет, Delicon блог ќе проба да ви помогне во неколку насоки на креативно изразување. Таквиот пристап, во овој пост, е наменет за корисниците и познавачите на Adobe Photoshop, а темата е веб копче за преземање (download) на македонски јазик.

По вклучување на Photoshop веднаш отварате нов документ што можете да го крстите како сакате, но параметрите и големината треба да се 160×35 px со 72 точки, односно како што е прикажано на чекор_1.

Чекор_1

Повеќе