Статии со клучен збор ‘совет’

Тазе кратки анимирани филмчиња за убав викенд

Краткометражни

Кратките филмови секогаш имаат оригинална порака и поквалитетна реализација од долгометражните затоа што не траат долго, пренесуваат многу посилна порака и најчесто не се комерцијални.

Повеќе

Листа на сигурни фонтови за користење во веб страни

листа на сигурни фонтови

Многумина од вас сигурно се запрашале: “Кои фонтови се сигурни за користење во веб страните?” и “Дали постои листа со сигурни фонтови за користење во веб страните?”.

Сигурните фонтови се секогаш важни, но многу веб дизајнери забораваат на овој важен чекор при креирањето на веб страните. Некои користат фонтови кои се слични на оние кои се сигурни за користење, но бидејќи тие не се сигурни, избраниот фонт автоматски ќе се смени во некој друг на оперативниот систем кој го нема тој фонт, и притоа може дизајнот да се измени.

Во овој пост ви претставувам листа на сигурни фонтови за користење во веб страни со која се надевам ќе ви помогнам на повеќето од вас.

Повеќе

Нацртај векторски Таблет-уред со Inkscape

Една мала лекција за големината на слободниот софтвер и што сè може да правиме со него (да расчистиме стереотипи и слично). Inkscape како векторска алатка во последните неколку години зазема еден сериозен потфат кај дизајнерите желни за нови предизвици што често пати експериментираат. Во денешниот туторијал ќе помогнам во создавањето на измислен touch-pad tablet. Незнам дали го исполнува нивото на детаљите што можеби повеќето графички дизајнери го очекуваат, но тоа сепак е релативно.

Повеќе

Разликите помеѓу include и require во PHP

include require razliki
PHP програмерите доста често ги користат функциите include(), include_once(), require(), require_once() за вметнување на датотеки со PHP код во „текот“ на извршување на некоја апликација. Овие функции всушност се дел од самиот јазик PHP и се language constructs, што значи можат да се користат и без заградите, со наведување на името на датотеката во наводници. Иако овие функции се користат во многу ситуации без да се внимава што всушност прават, сепак меѓу нив има значајни разлики. Тие се многу добро документирани во онлајн документацијата за PHP, а сепак повеќето од програмерите, посебно оние почетниците, не знаат, или не внимаваат како ги користат овие функции.

Повеќе

25 начина за заштита на вашата веб страница

veb zastita
Имам сретнато многу прашања во врска со заштита на веб страници низ нашиве форуми и блогови, па решив да направам листа со 25 начини за заштита што би можеле да ја искористете при изработка на вашите следни веб апликации.

Доколку имате прашање или пак сакате да додадете нешто, слободно оставете коментар.

Повеќе

Прикажување и криење на грешки во PHP

PHP error

Кога ќе се прикаже грешка на некоја страница таа може да открие доверливи информации што можат да им користат на напаѓачите кои сакаат да и наштетат на истата страница. Постојат неколку начини за криење на грешки, но во овој пример ќе разгледаме како со помош на PHP ќе можеме да прикажуваме грешки само кога ние ќе посакаме.

Повеќе

Оптимизација на линкови за Интернет пребарувачи

seo linkovi

Деновиве се занимавам со оптимизација на линковите за Интернет Пребарувачи на odgovori.mk па по неколку обиди дојдов до интересна идеја која решив да ја споделам со вас.

Знаеме дека најдобар начин за оптимизација на веб страница за интернет пребарувачи не е само да се напише насловот во title и h1 таговите туку насловот да се наоѓа и во самиот линк. Знаејќи го ова пробав на неколку начини да ги оптимизирам линковите и на крај стигнав до линк како овој:

Стар линк: http://odgovori.mk/?q=230

Нов линк: http://odgovori.mk/q230-Проблеми-со-дигитална-камера

Повеќе

Страна 2 од 3123