Статии со клучен збор ‘преглед’

Трендови во дизајнот на интернет страни [2010]

Со зголемениот подем на интернет просторот во нашата држава, дигиталната презентација на интернет се повеќе и повеќе напредува во квалитетно и креативно ниво. Тоа е така благодарение на креативните македонски програмери и веб студијата што пласираат интересни продукти. Сите тие инволвирани креативци изгледа добро ја пратат меѓународната интернет сцена каде што трендовите имаат високи вредности и креативен предзнак. Добро е да се провери во текот на една година како напредува целиот тој сектор.
Благодарение на неколку твитераши и неколку веб дизајн компании се собраа околу дваесетина интернет страни што (барем според мене) вреди да се соберат на едно место со цел анализата околу движењето на целиот тој концепт да влијае уште повеќе на новите интернет проекти што ги среќавме сите.

Повеќе

Настан: Ричард М. Сталман фото импресии

Richard Stallman

Посетата на Сталман (основач на GNU проектот и free software движењето) во Македонија, ја закитија голем дел од екипата на list.mk доследно присустни низ целото предавање кое што се заврши со една заедничка фотографија. Ричард Сталман држеше предавање за робовладетелските механизми искористени преку авторските права и типовите на лиценцирање како што е заштитениот (со сопствеништво) софтвер. Опасноста од патентирањето и лиценцирањето во скоро сите мултимадијални категории каде што се спомнаа дополнително филмовите, уметноста, музиката и слично. Како и да е, најголем впечаток оставија прашањата на крајот од предавањето каде што многу луѓе мислејќи дека треба да постават прашање, направија забавна атмосфера поткрепена со гласно смеење (особено „АСП“ прашањето).

Повеќе

Каде сè ќе го има FIFA World Cup 2010 – South Africa

Што голема работа ќе беше еден таков настан за мас-ентртејнмант како што се Олимписките Игри, Светските и Европските првенства во фудбал, Атлетика, Тенис, Формули и ред други работи. Целата поента на овие настани е да се занимава со забава населението во пошироки размери. На литературно македонски тоа се вика ПАНАЃУР! Еден таков мултимедијален и мултиплатформски стејџ каде што масовно треба да се излезе и да се продава на големо, со локален пристап. Што сè опфаќа тоа неможе ни да се претпостави, телевизија, интернет, радио, печат, видео игри, текстил, спортска опрема, музика и сето тоа што следи, a не ми текнува во моментов.

Повеќе

Богата спортска интернет сцена – Macedonia

Goran Pandev

Со голема гордост ќе се пофалам дека Горан Пандев игра во Лигата на Шампионите и во моментов (барем за мене) тој е најголемата Македонска гордост, а ако збориме за споменици би ставил негов, дефинитивно, на плоштадот во Скопје и Струмица. Гоче моментално има голема веројатност да си стави медалче од Лигата на Шампионите во неговата приказна за своите внуци, каде што нашата нација (во комплет) е горда на него. Верувам дека Интер ќе биде Шампион во ЛШ оваа година и ќе видам солзи радосници на лицето на Горан Пандев!

Повеќе

Значењето на CSS3 и неговиот развој

css3

Како што е веќе познато Cascading Style Sheets (CSS) е документ со код што го обликува изгледот на една презентација напишана во markup јазик. Тоа најчесто го среќаваме во изработката на веб страни напишани во HTML и XHTML синтакса, но CSS може да биде применет на сите видови XML документи вклучувајќи ги SVG и XUL. Од „дамнешни времиња“ со појавата на CSS 1, што го препорачува и W3C стандардот, беше познат како „CSS Level 1“ (официјално објавен крајот на 1996). Можностите што ги понуди таквиот пристап на украсување на Интернет содржина овозможи повеќе нивоа на уредување. Располагање со фонтовите и нивната форма заедно со боја како и растојание помеѓу редови и букви, бои на текстови, боја на позадини, маргини и позиционирања и ред други работи. Најбитно е да се напомене дека до ден денес W3C го препорачува CSS1 уште како решение за интернет презентирањето.

Повеќе

Нијансите помеѓу Mac OS X и Windows 7

win7-mac

Како продолжение на објавената статија „Компјутер за дизајнери, PC или Mac?“, ќе се обидам да ја проширам темата во малку подлабок и потесен пристап каде што главните актери овој пат ќе бидат оперативните системи (софтверот што управува со хардверот) Windows 7 и Mac OS X. Како креативец можеби ќе бидам пристрасен кон Apple пакетот, но како подржувач на слободното размислување и слободниот софтвер сигурно дека на прво место за мене е GNU/Linux пакетот. Но слободниот софтвер ќе остане за некоја друга тема, приказната позади овој осврт се суштинските разлики на двата комерцијални оперативни системи.

Повеќе

Компјутер за дизајнери, PC или Mac?

Едно од прашањата околу графичкиот дизајн и веб дизајнот што ги мачи од време на време работниците од оваа индустрија е изборот на машината врз која ќе тегнат помошни линии и правоаголници на мониторот. Полемиката е на маса доколку имате доволно финансии и за двата, недостаток на финансиски средства во изборот на компјутер за работа со апликации како што се Photoshop или Illustrator го пласира PC на прво место. Таквиот начин на работа обично се покажал како фатален по извесен период затоа што алатот е најбитната работа во секоја занаетчиска дисциплина. Купувањето на ефтин компјутер за професионална работа има ефтини делови и како такви пукаат кога ќе треба да дизајнирате билборд или бреднирање на прикола од камион. Но нашата работа не е да се грижиме за „финансиите“ околу купувањето на компјутер, напротив креативците треба да се грижат за нивната креативна работа.

Повеќе

Страна 4 од 41234