Статии со клучен збор ‘Македонија’

Трендови во дизајнот на интернет страни [2010]

Со зголемениот подем на интернет просторот во нашата држава, дигиталната презентација на интернет се повеќе и повеќе напредува во квалитетно и креативно ниво. Тоа е така благодарение на креативните македонски програмери и веб студијата што пласираат интересни продукти. Сите тие инволвирани креативци изгледа добро ја пратат меѓународната интернет сцена каде што трендовите имаат високи вредности и креативен предзнак. Добро е да се провери во текот на една година како напредува целиот тој сектор.
Благодарение на неколку твитераши и неколку веб дизајн компании се собраа околу дваесетина интернет страни што (барем според мене) вреди да се соберат на едно место со цел анализата околу движењето на целиот тој концепт да влијае уште повеќе на новите интернет проекти што ги среќавме сите.

Повеќе

20+ успешно дизајнирани македонски веб страни

20-uspesno-dizajnirani-makedonski-veb-strani

Во нашата деликатна македонска средина, изминативе години изникнаа пристоен број на инспиративни интернет страни. Нашата веб дизајнерска банда прилично добро и соодветно се паркирала во својата креативна кошница. Иако 2009 се покажа како година на криза, за подобрување на интернет просторот дефинитивно немаше криза. Освен што ви нудиме инспиративна збирка и преглед на нивото што генерално сме го достигнале во нашата Македонија, целата приказна се одвива на многу елегантен и удобен начин спакувана од Даниел.

Интернет просторот во последно време интересно се освежува со нови веб сервиси, а тоа го гледаме и во наглата промена на изгледот на многу познати веб страни особено од нашите домашни медиуми. Добро е да се видат како стојат работите, така на купче, за критериумот на нашите креативци да биде повисок и со тоа поквалитетен.

Како и да е се надеваме дека ќе делуваме инспиративно на вашиот креативен нагон, или ќе ви разбудиме убави чувства од убавината што може да се најде на интернет просторот кај нас.

Повеќе

Страна 7 од 7« Прва...34567