Статии со клучен збор ‘дизајн’

Уметност кај GNU/Linux графичките околини

GNU/Linux GUI Thumb

Користењето на GNU/Linux оперативен систем е една од покреативните работи (според мене) што може да му се случат некому при користењето на еден компјутер во секојдневниот живот. Тоа не значи дека другите оперативни системи не се креативни, туку разноликоста во графичката околина на интерфесјот од оперативниот систем со сето тоа што може и сами да си го уредите зрачи со една специјална топлина.

Повеќе

Моќта на Фејсбук

Денес и малите деца знаат што е Фејсбук. Денес никој не прашува за и-мејл или мобилен, прво те прашуваат дали имаш профил на Фејсбук. Колку е голем и популарен зборува тоа што има над 500 милиони корисници низ целиот свет, и над 500.000 во Македонија. Го користат од десетгодишници до мултимилионерски компании. Дали сте знаеле дека секој Фејсбук корисник е фан на просечно 80 страни, групи, настани. Дека секојдневно се споделуваат 900 милиони слики, видеа, линкови, настани, постови, честитки, текстуални пораки…

Повеќе

Домашна веб-збирка, сесија јули-август 2010

Juli Avgust 2010

Баш ми е драго што можеме почесто да правиме вакви веб-збирки се со цел да го прикажеме тоа што вреди да се посетува на нашиот интернет универзум. Собрав десетина прилично нови интернет страни од кои може и да се научи по нешто.

Повеќе

Победници – Креативно сафари #2

Мала сликичка

Дojде моментот кога треба да ги прогласиме победниците на Креативно сафари #2. Се надеваме дека во наредното Креативно сафари ќе има поголем интерес и нас ни останува да ѝ честитаме на Тања Величковска за победата.

Повеќе

Креативно сафари #2, затворено

Да им честитаме на сите учесници што испратија предлог дизајни за Креативното сафари 2, се најдобро креативци и ве охрабруваме да продолжите понатаму со добрата работа. Бројката на нашите учесници изнесува тројца, а ние имаме прво, второ и трето место што значи логично е сите да си заминат со награда, бравос. На сите нас ни останува да се одлучиме за нијансите и да го избериме дизајнот што ќе си ја земе првата/главна награда.

Повеќе

Концепт дизајн-идеја за возила на иднината

Концепти на возила

Возилата на иднината е интересна тема особено за генерација како нашата што е цело време бомбардирана со темата: премногу го загадуваме воздухот. Освен што новите концепти за возила на иднината треба да се еко-пријателски и да не ја загрозуваат природната средина, добро е во концептот да има вградено инвентивно решение за алтернативен погон наместо нафтата/бензинот како гориво.

Повеќе

И носењето кацига може да биде забавно



Сите оние кои возат скутер или друг мотор знаат колку носењето на кацига на летниве горештини може да биде непријатно и загушливо. Посебно ако вашата кацига е во црна боја, која е и најчесто боја кај кацигите. Барем оние од пониската класа и за помали мотори не можат да се пофалат со којзнае каков дизајн. Еднобојни, со неколку линии, залепено лого и толку. Но, не мора да биде така. Погледнете ја следнава галерија на едноставни, а одлично дизајнирани т.е. фотошоп монтирани кациги, креативни идеи со кои сигурно ќе бидете забележани, макар и да возите томос 🙂
Пробајте нешто слично, мој совет тоа да биде на фолија и да се лепи како налепница при што мора да се внимава на формата, или ако сте добри во цртањето графити, пробајте со airbrush.

Повеќе

Страна 5 од 7« Прва...34567