Што претставува функцијата на UX дизајнер?

ux-design-list.mk

Денешниот подем на телекомуникациите и растот на потребата за софтверски решенија, корисничкиот интерфејс, различната палета на уреди (од такви што стојат на маса до тие што ги нисиме во џеб), најчесто го управуваат вниманието на нашето секојдневие.

Можеби регуларните корисници не можат да ја согледаат позадината на компилацијата во еден уред од софтвер + хардвер + Интернет, но со сигурност знаат да го користат нивниот 3G интернет или ADSL конекцијата или Интернетот од кабелските оператори. За да можат корисниците полесно да ги користат сопствените уреди, наменети за нивните потреби, индустријата истисна т.е. израсна една нова сложена функција на работни задачи таканаречена дизајнирање за корисничко искуство (UX – User Experience). Оваа функција сеуште се гради во нејзините рамки на дејствување, како и нејзините претходници: Web Designer, Web Developer, User Interface Designer, Industrial Designer, Interface Designer и Graphic Designer. Сите овие способности учествуваат заеднички во креирањето на некаква софтверска апликација или некаков Интернет сервис вклучувајќи ја целата нивна заедничка работа како тим. Сепак едно прашање редовно лебди во воздухот: Зошто UX дизајнерот претставува толку значајна функција и што точно вклучува неговата работа?

Корисничкото искуство ги претставува емоциите, чувствата и леснотијата со која се употребува одреден уред, систем или сервис – Wikipedia

Нацрт-план на апликацијата или сервисот

Значи, UX подразбира грижа за впечатокот на корисникот од апликацијата или сервисот што ги користи. Одлуките што ги прават луѓето за вашиот софтверски продукт или хардверски уред е базиран претежно на нивните чувства! Корисниците се луѓе што имаат ментален живот базиран на нивното мислење, мотиви, емоции, ставови, знаење, интелигенција и физиолошки потреби. Имајќи ги во предвид сите овие психолошки компоненти, целата работа на UX дизајнерот е да ја припреми интеракцијата на некој софтвер или уред со што ќе ја пренесе лесно нејзината функција на корисникот и истовремено ќе се грижи за чувствата што ќе ги предизвика истата кај корисникот. Од овие елементи потекнува и терминот за user-centered design.

За дизајнерот што се грижи за корисничкото искуство не e неопходно познавање на уметничките принципи, софтверската технологија или хардверските компоненти. Работата на UX дизајнерот се однесува на поставување многу прашања во градењето на проектот на кој работи, собирање на податоци, анализа и градење концепти, проверувајќи ги преку тестирање корисници или фокус групи. На тој начин може потворно да се врати и да ги подобри изградените концепти. Концептите се пренесуваат на нацрт-скици за секој екран на кој се распоредени копчињата, формите, брендот, начинот на интеракција и стеблото на целата апликација. Интеракцијата се одредува преку врските што се дадени од стеблото (на пример: дали од login screen ќе ме одведе апликацијата на контролната табла или директно на списокот со пораките што ми ги пратиле пријателите).

Пред поставувањето на врските и мапирање на сите елементи од секој екран, UX дизајнерот прави истражување во врска со слични продукти што веќе постојат на пазарот за уреди/апликации, ги анализира нивните функции, распоред на интерактивни елементи, како се изградени таквите проекти и вклупување на сите тие елементи во креирањето сопствена верзија за дадената задача. Техники со кои може да се служи се user-case тестови (што ги препорачува Стив Круг) или Интернет анкети каде корисниците можат да се изјаснат во врска со некоја веќе постоечка апликација или уред.

Потоа се собираат позитивните и негативните искуства или реакции од дадените анализи и истражувања, се поставува концепт модел и се мапираат елементите за секој екран. Детаљите за функциите што ги содржи дадената апликација што се изработува, UX дизајнерот обично ги црпи од техничката спецификација на проектот, а истата ја користат и програмерите, UI дизајнерите и останатите членови на тимот. Сепак, за секоја апликација или уред да биде уредно спакуван и спремен за пазарот, на крај треба да потекнува од заедничката работата на тимот што стои позади него!

Во книгата „The elements of User Experience” на Jesse James Garrett се нагласени неколку полиња кои ги покрива работата на UX дизајнерот во изработката на продуктот:

  1. Стратегија
  2. Распон
  3. Структура
  4. Скелет и
  5. Површина

Сите овие елементи се важни затоа што претставуваат „архитектонски план“ од каде црпат основа другите учесници во изработката на апликацијата. Така имаат контрола врз својата работа и распоредот на елементите вклучувајќи ја и интеракцијата. Освен што тие самите имаат јасна слика за тоа што потекнува од дадените скици (скиците претставуваат скелетот на секој екран со дадени фунции што често пати програмерот губи време и не знае каде да ги смести), истовремено може да се гради апликацијата паралелно со визуелниот изглед и нејзиното програмирање. UI дизајнерот си работи на изгледот, а програмерите работат на кодот. Тоа ја олеснува работата на сите, но и на тој што го води проектот. Нарачателот ги прегледува скиците за „пеглање“ на распоредените елементи на екранот со што значително ја олеснува работата на сите.

User Experience не се однесува на детаљите за тоа како функционираат компонентите од кои е составена технологијата, туку на надворешните интерактивни функции со кои корисникот има интеракција. Кога некој ќе ве праша „Како ти се допаѓа апликацијата што ја користиш?“, всушност ве прашува за корисничкото искуство од користењето на истата.

An Introduction to UX Design & Testing from A.J. Kandy
gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

Comments are closed.