Што ќе ни е WebP (вепи)?

webp thumb

Од низата на надоградби во Google, особено по лансирањето на сопствениот video codec VP8 и програмскиот јазик Go, со кој тврдат дека новиот формат на компресирање слики ќе донесе 40% помала тежина на сликите. Според нив, тоа ќе овозможи побрзо вчитување на интернет страните, подобро корисничко искуство, помали трошоци за интернет сообраќај при хостирање и се на се општо подобрување во сурфачкото искуство на интернет.

Во еден аспект ги спомнуваат и мобилните телефони, дека тој тип на компресија ќе помогне и мобилните телефони полесно да вчитуваат слики од интернет.

Што е WebP?

Метод на компресирање слика во мала тежина наменета за прикажување на Интернет, без притоа да изгуби од оригналниот квалитет на графичката содржина. Таквиот процес на претварање му овозможува интервенција на корисникот, односно можност да избере интензитет во проценти. Конкретно WebP користи VP8 технологија на конвертирање што во моментов Google ја развива и за WebM проектот каде што главната улога ја има видеото на веб.

Споредба JPG и WebP

Сликата е позајмена од споредбите прикажани на WebP Gallery од Google.

WebP користи технологија на предвидување како начин на енкодирање на пикселите кај сликите. Користејќи ја вредноста на соседните блокови пиксели во сликата се пресметува вредноста на цел блок. Кога се собрани информациите се енкодира само разликата помеѓу вистинската вредност и предвидувањето. Затоа што разликата (вистинска вредност и предвидување) често изобилува со вредности 0, може полесно да биде комрепсирана. Целосно е искористена VP8 (видео) технологијата во случајов за форматот слики. Најголемата слика што може да ја прикаже WebP е 16383 х 16383 px и информациите за сликата ги зачувува во RIFF запис.

Google се обидува да го замени JPEG со WebP

Повеќе е наметнување, затоа што e Google и затоа што може да си дозволи таков луксуз, но сепак доброто кај оваа компанија е што често пробува нешто ново без разлика на резултатот. Во скоро сите изјави на интернет може да прочитаме или слушнеме како се спомнува JPEG форматот како крајната цел. Демек WebP може успешно да го замени JPEG во користење на веб-страните!? Со оваа нова форма на графичка презентација, интернет сурфањето ќе биде полесно и побрзо. Но, зошто? Во поголем дел од интернет презентирањето сè што неможе да се направи во CSS обично се дополнува со GIF или PNG за естетска надоградба со што веќе имаме слики и мала искористеност на сообраќај. Но еве да земеме Flickr, Photo.net и слични заедници каде што фотографирањето е оддамна присутно во креативен израз, се појавија изјави дека новиот тип на графичка компресија што го нуди Google прикажува на места замачкани резултати во сликите. Дополнително се поставува прашањето како сега одеднаш Google ќе им каже на корисниците на овие заедници да ги сменат нивните слики кога нивната бројка е неколку милијарди? Исто така JPEG стандардот е универазлен и прифатен од сите, па ќе биде „малку“ тешко тукутака Google да му го смени мислењето на целиот свет.

Дали воопшто ни треба таква промена?

Ако се прочита малку ќе се најдат информации дека компресирањето на комплексни слики како што се фотографиите, користат JPEG формат, но за рекомпресирање на истата имаме JPEG-2000 што овозможува дури и поголема компресија oд 40%, на пример 50%. Како што кажува и самото име, jp2 е креирана датотека во 2000 година. Овозможува флексибилно зголемување и намалување во прикажувањето графичка содржина.

Споредба на JPEG, WebP и JPEG-2000

Сликата е позајмена од Wikipedia.

Супериорна компресија во споредба со JPEG, прогресивно исцртување во приказот со што наместо во блокови сликата можеме да ја гледаме како ја зголемува резолуцијата кога се вчитува од Интернет. Lossless and lossy compression што овозможува до 50% подобри резултати од 40% на WebP. Со овие информации доаѓаме до едно интересно откритие. Google сака да наметне нешто за кое веќе има решение. Но и тука има еден мулти-платформски проблем. Повеќето интернет прелистувачи не го читаат JPEG-2000 стандардот што му овозможува на Google да поттикне иницијатива за заеднички прифатен стандард што ќе се прикажува насекаде од каде што ќе се пристапува на Интернет. Поради можноста за развој и надградување на технологијата затоа што е нова, можеби ќе овозможи простор тој сегмент да поработи на заедничкото добро. Иако неколкуте килобајти заштеда преминуваат во пречисто и педантерија, сепак кога ги имаме квантитативно во големи бројки може и да се размислиме колку „малку“ сето тоа одзема од сообраќај, мемориски простор и прикажување на мобилни телефони. Несомнено причини за развој на нови алгоритми за компресија постојат. Но се поставува прашањето кој може да проба да ги развие? Microsoft не може, Apple не сака и останува Google кој што ја користи оваа можност. Истото се случува и со проектот WebM. Од информациите што може да се најдат на интернет страната за WebP, Google нуди webpconv тест верзија за конвертирање наменета за GNU/Linux оперативни системи во почетната развојна фаза и сеуште не работи баш на секој компјутер, но најавено е дека наскоро ќе можеме да користиме интернет апликација токму за таа намена.

Од Google најавија и дека ќе воведат интернет конвертор што ќе може директно да ги претвора сликите од JPEG во WebP со што ќе овозможи тестирање на лице место. Со подемот и проширување на интернетот денес, малите измени или искри може да поттикнат големи промени и севкупно подобрување на интернет искуството. Подобра и покомотна интернет околина е позитивна за сите нас. Google сега има WebM, WebP е во развојна фаза, но ништо чудно во иднина да слушнеме и WebA каде што и звукот на интернет ќе биде пред нови предизвици.


Овој текст е оригинално објавен во списанието ClickMag, број 31.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

2 Коментари

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Blagoj Kapsarov and others. Blagoj Kapsarov said: RT @listmk: Блог: Што ќе ни е WebP (вепи)? http://bit.ly/fcyx4J […]

  2. http://cbloomrants.blogspot.com/2010/10/10-02-10-webp.html Типот дефинитивно ги познава работите.