Статистика за полициска бруталност

policiska-brutalnost

Колку често гледаме околу нас како нашите драги ценети сограѓани полицајци ги прекршуваат сообраќајните знаци?

Освен што државата го одржува редот со тој „орган”, составен од мои блиски роднини и пријатели, помеѓу нивните редови стигнаа и такви што им го нарушуваат интегритетот. Јас верувам во нашите полицајци и сметам дека треба да сме горди на нив и затоа паролите „Убици“, „Полициска држава“, како и исмејувањето на Билјана и Елена се блиски до невкусните методи. Но…

Убиство на млад човек од припадник на полицијата поради грешка, немарност или нервоза е СТРАШНО! Особено што младиот човек е мој врсник, тоа е претставник од идната генерација на оваа држава.

policiska-brutalnost-poster

Но страшно е и непочитувањето на правилата што самите треба да ги надгледуваат и одржуваат во пракса. Страшно е и шетањето наоколу со пиштол и покажување слика на надмоќност. Страшно е што кога ќе видам полициска униформа наместо да почувствувам сигурност, јас чуствувам како ме лазат морници и ми забрзува отчукувањето на срцето. Тоа што „јас“ ве надгледувам колку добро почитувате одредени правила, а јас воопшто или делумно не ги почитувам тогаш јас ви наметнувам инфериорност. Ве омаловажувам! Начинот на кој се прави тоа од страна на полицијата е лицемерен и јас би го окарактеризирал како сообраќајна полициска бруталност.

Но ете, сепак јас не сум мнозинството и можно е јас да сум исклучот што ги видел и почувствувал овие нешта. Затоа ќе ја користам модерната технологија и ќе се обидам да соберам релевантна статистика во врска со мислењето на останатите мои сограѓани.

Анкета:

[poll id=”5″]

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.