Справување со досадните пропагандни пораки на Интернет

thumb-targeting

Денеска е актуелно рекламирањето одреден тип пропагандна порака на одредена целна група корисници. Тоа го овозможува Интернетот како поле за можности што допрва се откриваат во маркетингот.

Во време кога рекламирањето и пропагадните пораки на компаниите ги гледаме насекаде низ интернет страните особено на места каде што може и буквално око да ти извадат, овозможуваат агресивно и претерано промовирање на веб-страните и ја преминуваат секоја разумна граница. Очајноста да се стигне кај секој и да му се бутне потрошувачкиот нагон е дрско и невкусно влијание што самите корисници ги става во небрано. Се користи секоја можност за злоупотреба на легален или подмолен (исто легален) начин за манипулирање на корисниците. Но манипулацијата се воведува многу невкусно и тоа кога тогаш ќе се одрази по нивните тилови во облик на „васпитна“.

Винателно со изборот на Интернет прелистувач

Пропагандните мрежи што овозможуваат рекламирање на Интернет (таквите како Google на пример) ги користат своите способности да создаваат софтверски производи што ги ставаат корисниците под некаков надзор. Освен МВР и некој друг ни ги снима трагите што ги оставаме на глобалната мрежа. Најозлогласениот тука е Google Chrome, но и останатите не се за потценување затоа што имаат или колачиња или додека сме регистрирани на некој сервис си ја снимаат нашата патека на движење. Потоа истата таа патека на однесување ја користат како информација за тоа каква ЕПП да ни презентираат.

celna-grupa

Таквиот пример најчесто се гледа кога ќе посетите некоја Интернет страна каде што по „некоја“ случајност рекламата што ќе ја видите ве потсеќа на контекстот од вашето претходно сурфачко шетање. За жал најзагрозената група на корисници се тие што не внимаваат како се однесуваат на Интернет и прелистувачот што го користат за таа намена. Тие најчесто ќе налетаат на таа ефтина и невкусна агенда и многу лесно ќе западнат во нервозно сурфачко искуство или во ретки случаи ќе кликнат на таа фамозна и досадна пропагадна порака. Останатите корисници (барем како мене) параноично внимаваат каков Интернет прелистувач користат и пред да го користат прават детално истражување што следува во неговата нова верзија. Во меѓувреме сите колачиња што се преземаат од Интернет страните се под внимателен мониторинг и се следи секоја активност што влегува-излегува од мојот компјутер.

Иднината е во прилагодувањето за на Интернет

noviopcii-firefox

Во новите алфа и бета верзии на Интернет прелистувачите што почнаа да излегуваат може да се забележи една интересна опција како кај Firefox 4 на пример: „Tell web sites I do not want to be tracked“. Слична работа може да видиме и кај IE9 каде што исто така по инсталирањето истата опција е вклучена и треба да ја исклучите. Но тоа не е сè, треба да ги прочистувате колачињата по редовна постапка барем еднаш неделно и секогаш да добиете известување доколку има некоја промена во презентирањето на некоја Интернет страна од самиот прелистувач. Исклучокот Google Chrome топло ви препорачувам да го смените со SRWare Iron што е всушност истиот мотор и изглед на Chrome, но прочистен од нечистите однесувања што праќаат податоци до Google. Сепак информациите ќе си остануваат во вашиот компјутер!

Внимателно

Овие работи што ги поставив како прашање и тема за размислување се многу важни затоа што колку толку ќе знаете дека Интернетот треба да се користи со големо внимание. Facebook не се нашите документи, тоа е Интернет страна на која што доброволно и ги даваме нашите документи. Користењето на бесплатните сервиси како што се Google, Dropbox и слично, треба одбрано и одмерено да се користат. Секое невнимание и пренесување на некаква информација што може лесно да се злоупотреби може да ве однесе на места каде што ни мајка Јана нема да ве спаси. Отворете си ги очите и ушите и внимателно со секој чекор на глобалната мрежа.

Во иднина ќе се разработува темава подетално, а доколку имате некое искуство или прашање што сакате да го разработиме повелете во коментари.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар

  1. Како работи „Tell web sites I do not want to be tracked“ ? Само им кажува на сајтовите дека не сакаме да бидиме следени? Што ако сајтовите без разлика на тоа си продолжат со следење?