Сопствен тип на постови во WordPress

Креирањето на сопствени типови на постови во WordPress 3.0+ е многу лесно и се прави со додавање на неколку реда код во functions.php датотеката на вашата тема.

Доколку сеуште не сте прочитале, прочитајте како да направите сопствена WordPress тема за да дознаете како да направите измени во functions.php датотеката.

Постојат неколку видови на постови во WordPress: пост (post), страница (page), прилог (attachment), ревизија (revision), мени за навигација (nav menu). Но корисниците можат да дефинираат и сопствени типови на постови (custom post type), како на пример: Articles, Books, Cars и сл.

Ќе презентирам код со кој ќе креираме сопствен тип на постови Movies. PHP кодот е следниот:

// Додаваме „акција“ која се извршува при иницијализацијата
add_action('init', 'create_post_type');

// Креираме функција која всушност претставува „акција“
function create_post_type() {
    register_post_type('movies',
            array(
                'labels' => array(
                    'name' => __('Movies'),
                    'singular_name' => __('Movies'),
                    'add_new_item' => __('Add New Movie'),
                    'not_found' => __('No Movies found'),
                    'not_found_in_trash' => __('No Movies found in Trash'),
                    'view' => __('View Movies'),
                    'view_item' => __('View Movie'),
                    'edit_item' => __('Edit Movie'),
                    'new_item' => __('New Movie'),
                    'search_items' => __('Search Movies'),
                    'parent' => __('Parent Movie')
                ),
                'public' => true,
                'supports' => array(// default title and editor
                    'title',
                    'editor',
                    'thumbnail', // featured image
                    'comments'
                )
            )
    );
}

Сопствените типови на постови ги креираме со помош на функцијата register_post_type, на која како прв аргумент го додаваме името на типот на постови со мали букви за внатрешна употреба од WordPress јадрото. Како втор аргумент функцијата прима низа од аргументи. Во низата од аргументи ги имаме: labels (низа) во која ги внесуваме ознаките што се појавуваат во администраторскиот панел, public кој сетира дали типот на постови ќе се појавува во менито и слично, и supports (низа) во која наведуваме што ќе подржува нашиот тип на постови.

За подетални информации за тоа што се подржува како аргументи функцијата register_post_type кликнете тука.

Прикажување на сопствените типови на постови

Листањето или прикажувањето на сопствените типови на постови е истотака едноставно. Тоа го правиме со помош на функцијата query_posts( ) која ја вметнуваме веднаш над while циклусот во било која темплејт датотека каде што го имаме:

query_posts( 'post_type=movies' );
while ( have_posts() ) : the_post();
...

P.S. Функцијата __ (две долни црти) е алијас за интерната функција translate која се користи за локализација на WordPress.

 

gravatar
Автор: Горан Митев
За авторот: Freelance PHP програмер којшто професионално работи развој на комплексни веб апликации, CMS решенија, Е-Бизнис решенија, Wordpress. повеќе >>

1 коментар

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Goran Mitev, List.mk. List.mk said: Блог: Сопствен тип на постови во WordPress http://bit.ly/gdD0w9 #listmk #wordpress […]