Софтвери за олеснување на работните задачи

thumb-timetrackapps

Работа, работа и само работа… без разлика дали е дома или на работа :)! И мене ми се случува истата приказна, на пример освен на работа ми се собираат задачи за клиенти на кои ги прoдавам моите вештини регуларно скоро секој ден.

Прво се занимавав со фиксни цени за проекти и тоа не беше толку лошо, но по средбата со oDesk и користењето на oDesk Team софтверот за мерење продуктивно работно време многу работи ми се сменија. На пример разбрав дека наплаќањето по саат е многу по исплатливо, во повеќето случаи, отколку по фиксна цена. Ова секако не важи ако парите земени од фиксна наплата изнесуваат високи три-четири цифрени бројки. Но за неколку работни часа на ден мерењето и наплаќањето по саат е одлично решение.

За оваа задача пробав неколку софтвери на GNU/Linux и на Windows оперативни системи и овде ќе ви препорачам неколку решенија. Со овие алатки може да се „потковате“ и Вие и Вашиот тим без дополнителни трошоци.

Hamster

hamster

Овој софтвер за мерење време е еден од најпознатите и исто така најкористените на Gnome графичка околина. Освен што изгледа супер има едноставни алатки за користење и лесно може да генерирате извештај во регуларен документ или HTML формат, како и преглед на статистика за сработените задачи.

Timetracker

timetracker

Сето тоа што се однесува на Hamster важи и за оваа алатка само што е наменета за Windows оперативни системи.

FreeMind

freemind

Слободен софтвер за мапирање на идеи што работи локално со инсталација на оперативниот систем и е еден од најдобрите што сум ги сретнал до сега.

WiseMapping

wisemapping

Ова е веб-базиран софвер за мапирање на идеи што се користи едноставно со регистрација. Може да се споделуваат проектите заеднички и е поврзан со FreeMind во размена на датотеки.

Redmine

redmine

Само неколку од важните својства на овој веб-базиран софтвер за водење проекти се можностите за водење повеќе проекти, следење на задачи, gantt chart и календар, вести, документи, wiki за документација и многу други својства што сигурен сум дека ќе ви се најдат. Redmine се користи со тоа што се хостира на вашиот сервер (локално/интернет) исто како веб страна и до него може да пристапат сите вклучени во проектите преку интернет прелистувач.

Секако дека постојат убави и комерцијални софтвери наменети за регулирање на работните задачи и доколку имате парички слободно користете си платени варијанти. Доколку имате некоја опција за препорака слободна/бесплатна/платежна, очекувам коментари :).

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

Comments are closed.