Денови за хоророт!

Sinister days

Sinister Days е креативен предизвик организиран од нашиот драг пријател Јане Наумоски!

Станува збор за натпревар наменет за сите креативци и љубители на хорор уметноста. Натпреварот ќе трае три недели – од 13 до 31 Октомври – во текот на кои, на sinister@revoshot.com ќе можете да ни испратите неограничен број морничави уметнички дела: фотографии, цртежи, видеа, кратки приказни, песни. Сите пристигнати дела ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Revoshot. По истекот на крајниот рок за учество, жири комисија ќе награди три од пристигнатите трудови.

Жирито е составено од:

  • Кристина Манчева (графички дизајнер и сопственик на Design and Berries)
  • Ерина Богоева (дипломиран студент по книжевност и фотограф)
  • Велиан Јагев (фотограф)
  • Димитар Атанасов (фотограф)
  • Јане Наумоски (фотограф и UI дизајнер).

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=-OQZXVhVXdw[/youtube]

Наградените ќе добијат маици со логото на натпреварот; покрај тоа, првонаградениот ќе добие и уникатен привезок од Design and Berries, второнаградениот книга со хорор приказни и третонаградениот постер од култниот хорор филм “The Shining”.

Со нетрпение ги очекуваме сите ваши дела. Раскажете ни што сè нè демне од темнината.

И за крај и Ваша инспирација, фотографиите од фото проектот “365“:

Day 301
Day 302
Day 303
Day 304

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.