Сакам да го подобрам WordPress на македонски

Лекција 8

Секој што има познавање од WordPress и сака да придонесе во развојот на WordPress на македонски, слободно може да ни се придружи во заедницата.

Досега за развојот на WordPress на македонски јазик имаат работено неколумина ентузијасти за слободен софтвер и благодарение на нив редовно се ажурира и унапредува македонската верзија на WordPress. Покрај локализирањето на WordPress, се врши локализирање и на bbPress, BuddyPress, сервисот WordPress.com, Jetpack, Gravatar, VideoPress, Polldaddy.
За да започнете со локализирање на WordPress, bbPress, BuddyPress, WordPress за Android, BlackBerry, iOS и Windows Phone одете на translate.wordpress.org и најавте се со Вашето WordPress.org корисничко име, додека за локализирање на WordPress.com, Jetpack, Gravatar, VideoPress и Polldaddy одете на translate.wordpress.com и најавете се со Вашето WordPress.com корисничко име.

Како да се вклучам во развојот на WordPress

Покрај локализирањето на самиот софтвер, во развојот на WordPress можете да придонесете на уште неколку начини.

– Целата документација е создадена од корисниците како мене и тебе. Ова е еден од начините на кој можете да придонесете во развојот на WordPress и да ја збогатите официјалната документација со содржина на македонски јазик. Единствено што треба да имате е корисничка сметка на WordPress.org, да одите на страницата што сакате да ја преведете, кликнете на „Add your language“ и да ги следите инструкциите. Наскоро ќе има детално објаснување и видео туторијал.

– Уште еден начин на кој можете да допринесете е да одвоите малку време и да им помогнете на корисниците кои имаат проблеми. Целата WordPress поддршка која се нуди на форумот за поддршка е бесплатна и корисниците го ценат Вашето одвоено време за да им помогнете. Исто така, доколку наидете на прашања за WordPress, слободно насочете го корисникот кон нашиот форум за поддршка.

– Тестирање и пријавување на грешки е уште еден начин на кој можете да го подобрите WordPress. Пред официјално да излезе стабилната верзија на WordPress, постојат и верзии пред објавување кои се користат за тестирање. Вие можете да ја преземете pre-release верзијата и да ја тестирате, така што WordPress развивачите ќе можат да ги поправат пронајдените грешки. Развивачката верзија можете да ја преземете од wordpress.org, а грешките пријавувајте ги на core.trac.wordpress.org (најавете се со Вашето WordPress.org корисничко име).

– Доколку сте развивач Вие можете да се вклучите во развојот на WordPress со поправање на пријавените грешки. Овој процес е наречен „пачирање“ и е објаснет овде.

Архива на написи

Сите написи со новости можете да ги пронајдете на официјалниот WordPress.org сајт на македонски јазик – mk.wordpress.org, а останатата содржина е достапна овде.

Овој текст е оригинално објавен на WordPress Македонија.

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.