Прогнози за 2011 – HTML5 и Интернет

prognozi2011

Бидејќи се работи за прогнози поврзани со темите што ги споделуваме на List.mk прогнозирањето се однесува на Интернет технологијата и компјутерските уреди што ќе пристапуваат на таа мрежа.

Темите што кренаа повеќе прашина изминатава година се HTML5 под рака со Интернет прелистувачите и Tablet PC уредите што растурија по дебито на iPad. Ако за нешто сме ѝ благодарни на заштитената и изнајмувана технологија (софтверска/хардверска) е инекциите за напредок што ги вбризгува во забрзување на развитокот на нашата врста. И кога ќе помислиш така, кој ја стимулира таа изнајмувана технологија? Ние, кој!? Самите ние затоа што таа се храни од нашите џебови од кои излегуваат пари. Затоа е на истата страна со отворениот напредок, само во случајов има ексклузивно право на постоење оти се покажала во минатото како добар стимулатор.

Но таа култура се ширеше на сметка на слободната култура и слободното разменување на интелектуални добра. Таквата слободна интелектуална размена била најблизу до совршенство во времето кога се создавала класичната музика. Таму парите не биле натпревар и композиторите не ги стимулирало егзистенцијалното прашање. Напротив, тогаш успевале тие што имале најотворени умови. Креативноста не може да се стави во кафез и не можеш да ја стимулираш со пари.

HTML е генетскиот код на Интернет

Тој феномен можеме да го видиме денес преку заедничката соработка на нашите ценети креатори на Интернет прелистувачи што ни овозможуваат да го уживаме интернетот во вистинска смисла. HTML е малтерот и водата на интернетот.

Историјата за HTML5

Жалам што прозентацијата не е на Македонски јазик, но се надевам дека повеќето од вас ќе успеат да ја разберат. На останатите им препорачувам да побараат помош од Google Translate.
Погледнете повеќе презентации од Mike Wilcox.

Сега кога имаме слика за значењето на HTML5 и начинот на кој се создава и зошто постои, сето тоа е создавање на еден посебен универзум на кој сите ние сурфаме. Сурфачки универзум поточно. Интернетот постои во нашата свест како ментална слика од Интернет страна. Мене не ми текнува на модем кога ќе помислам на Интернет. HTML5 технологијата ќе стане изворниот код за креирање на таа долина што во реалноста ќе постои и ќе се заснова врз HTML(5) и CSS(3) каде што блоковите за градење ќе бидат во HTML, а фасадирањето ќе се уредува со CSS. Околу создавањето на тој универзум треба да има предатори внатре што ќе ја одржуваат природната рамнотежа во врстите што ќе настануваат таму. Затоа никогаш нема да има премногу Facebook или премногу Google, тие самите ќе си создадат некој појак предатор што ќе ги јаде нив. Сите обиди на снимање за тоа што го правиме на Интернет и наше етничко одбележување (преку социјалните мрежи) се само одраз на напредокот на тој таканаречен универзум Интернет. Внимателно каде оставате трага, да ве потсетам дека највидлива е трагата во влажната земја.

Tablet PC и паметните телефони со големи екрани

Овие уреди ќе ни ја презентираат сликата за тоа како ќе изгледа светот на нашите деца. Нашата заедничка свест што ја споделуваме преку трагата (универзумот) Интернет, со помош на HTML како материјал за градба. Сето тоа ќе го имаме на дланка во неколку форми и да, започнува од следната година.

Видови на споделување на нашата заедничка свест:

  • Текст
  • Звук
  • Видео

Со технологијата што ја имаме денес, сите овие видови на сподеување заеднички мисли и творби можат да изгледаат пријатно за нашето око, интересно за нашето уво и вредно за споделување.

woPad 7″ е Tablet PC што користи Android OS и во САД денес може да го купите за $190

Електронските уреди Tablet PC ќе овозможат споделување на сета таа убавина во најкомотна форма. Во 2011 ќе ја почуствуваме убавината на користењето таква технологија. На сметка за натпреварот во начини на заработка, нашата заедничка работа ќе можеме да ја споделуваме непречено. Парите ќе станат безвредни и полека ќе настапи ерата на езистирање од идејата и информацијата. Можеби ќе треба две-три декади да поминат додека напредуваме, но секое патување започнува со еден чекор.

Моја препорака е да почнете да ги користите ониe Интернет прелистувачи што имаат добра репутација и разработете го користењето на копчето F11 (Full Screen) од тастатурата.

Ви посакувам среќни празници во име на сите што стоиме позади List.mk и благодарам за подршката и споделувањето на нашите содржини. Посакувам во иднина да имаме повеќе текстови и поширока публика од читатели. Почесто посетувајте ги интернет страните како time.mk, daily.mk, ping.mk и 140.mk оти тие ни се зборни места на сите.

Среќни празници! Здравје, среќа и многу љубов во годината (2011) што следи. Штотуку ја заокруживме првата декада од новиот век/милениум/2000-те.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

1 коментар

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Goran Mitev. Goran Mitev said: RT @listmk: Блог: Прогнози за 2011 – HTML5 и Интернет http://bit.ly/eplktg […]