Прикажување и криење на грешки во PHP

PHP error

Кога ќе се прикаже грешка на некоја страница таа може да открие доверливи информации што можат да им користат на напаѓачите кои сакаат да и наштетат на истата страница. Постојат неколку начини за криење на грешки, но во овој пример ќе разгледаме како со помош на PHP ќе можеме да прикажуваме грешки само кога ние ќе посакаме.

PHP ни нуди неколку начини на прикажување и криење на грешките:

// Ги крие сите грешки
error_reporting(0);

// Ги прикажува само едноставните грешки
error_reporting(E_ERROR | E_WARNING | E_PARSE);

// Ги прикажува сите грешки освен E_NOTICE
// Вака е стандардно подесено во php.ini
error_reporting(E_ALL ^ E_NOTICE);

// Ги прикажува сите грешки
error_reporting(E_ALL);

За правилно да ги прикажуваме или криеме грешките ќе ја користиме константата DEBUG:

define('DEBUG', true); // Доколку сакаме рачно да ја дефинираме константата

Или пак, доколку страницата ја тестираме на локален сервер и сакаме да бидат прикажани сите грешки само на локалниот сервер:

if ($_SERVER['HTTP_HOST'] == 'localhost') { define('DEBUG', true); }

Во зависност од тоа дали константата DEBUG е дефинирана, грешките ќе бидат прикажани или сокриени.

if (defined('DEBUG')) { // Доколку е дефинирана DEBUG константата ќе бидат прикажани сите грешки
	error_reporting(E_ALL);
} else { // Ако не е дефинирана, нема да бидат прикажани никакви грешки
	error_reporting(0);
}

Истиот код ќе го искористиме во наредниот туторијал при користење на податоци од mySQL база.

gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот:

Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

1 коментар

  1. […] require(), извршувањето ќе запре и ќе се појави Fatal Error. За прикажување и криење на грешки имаме пишувано […]