Победници – Креативно сафари #2

Мала сликичка

Дojде моментот кога треба да ги прогласиме победниците на Креативно сафари #2. Се надеваме дека во наредното Креативно сафари ќе има поголем интерес и нас ни останува да ѝ честитаме на Тања Величковска за победата.

Прво место (38 гласа) – Тања Величковска

Дизајнот на Тања го освои мнозинството на нашите читатели и посетители со што ја доби главната наградата која што содржи: хостинг пакет Advanced од Ухост со 300MB мемориски простор и 10GB месечен трансфер, плус три маици со нејзиниот дизајн и ION рачен часовник. Честитки за Тања и за трудот инвестиран во приказната за маиците. Таа учествуваше со најмногу предлог дизајни кои што беа доста креативни и вредни за разгледување. Ја охрабруваме во добрата работа, само напред и би сакале да видиме повеќе коментари на нашите постови од неа.

Победници

Второ место (14 гласа) – Борис Ристовски

Фаворитот на повеќето веб дизајнери и твитерската банда, Борис успешно се декларираше како креативец и допринесе во поголема промоција на Креативното сафари 2 и list.mk. Ние сме многу благодарни на таквите креативци како него што знаат да разбрануваат вода и да направат интересни сплетки. Добива маица со победничкиот дизајн плус ION рачен часовник. Честитки…

Трето место (5 гласа) – Александар Јосифовски

Честитки Александар за освоеното трето место и очекуваме во иднина уште од него. Може да избере дали сака маица со избраниот дизајн или ION часовник. Честитки…

Очекуваме

Очекуваме во коментари да се јават победниците и да остават свои интернет профили (твитер, фејсбук или портфолио) со цел посетителите да се запознаат со нив и нивната работа. А нас може да ни пратат на send@list.mk телефон за контакт.

gravatar
Автор: list
За авторот:

Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

5 Коментари

  1. Ви благодарам на сите што гласавте за мене, а посебно им се заблагодарувам на тимот на лист.мк кои ме избраа да учествувам во овој натпревар.

  2. Јас да се пријавам како прво место од лузерите (се шалам, сите се победници) :). Воедно сакам да им честитам на победниците (одлични дизајни), да ја поздравам екипата на List.mk што ни дадоа можност да нашата креатива биде видена. Се надевам во иднина ќе има уште вакви наптревари, и сите оние креативци кои имаат добра идеја истата ќе ја споделат.

    Инаку јас не сум дизајнер :), но имав идеја да се искористи QR code како апликација на маичка, и истото го импровизирав во Illustrator 🙂 За оние што сеуште не знаат што се тие „пикселите“ може да се информираат тука -> http://en.wikipedia.org/wiki/QR_Code . Останатите предлози кои ги пратив може да се видат тука: http://www.twitpic.com/2httzq

    Инаку може да ме следите/контактирате тука http://twitter.com/twibi

    kthxbai 🙂

  3. 🙂 ај нек се уходе

  4. Супер се избраните дизајни, им честитам на 1во и 2ро…..искрено не очекував дека нешто ќе освојам али сакав да се пробам !!!

    Јас не сум дизајнер, али чепкам по дома правам постерчиња и слично…можете да ме контактирате на josifovskialeksandar@gmail.com

  5. http://alekrjk.deviantart.com

    само што го креирав!!! :)…ова е само дел