• Prikaznata za taraba
    Приказната за тараба

Значењето на CSS3 и неговиот развој

css3

Како што е веќе познато Cascading Style Sheets (CSS) е документ со код што го обликува изгледот на една презентација напишана во markup јазик. Тоа најчесто го среќаваме во изработката на веб страни напишани во HTML и XHTML синтакса, но CSS може да биде применет на сите видови XML документи вклучувајќи ги SVG и XUL. Од „дамнешни времиња“ со појавата на CSS 1, што го препорачува и W3C стандардот, беше познат како „CSS Level 1“ (официјално објавен крајот на 1996). Можностите што ги понуди таквиот пристап на украсување на Интернет содржина овозможи повеќе нивоа на уредување. Располагање со фонтовите и нивната форма заедно со боја како и растојание помеѓу редови и букви, бои на текстови, боја на позадини, маргини и позиционирања и ред други работи. Најбитно е да се напомене дека до ден денес W3C го препорачува CSS1 уште како решение за интернет презентирањето.

Повеќе

Креативни реклами #4

kreativni-reklami-4

Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна кампања уникатна, впечатлива и успешна.

Во продолжение следуваат 10 креативни реклами #4.

Повеќе

Нијансите помеѓу Mac OS X и Windows 7

win7-mac

Како продолжение на објавената статија „Компјутер за дизајнери, PC или Mac?“, ќе се обидам да ја проширам темата во малку подлабок и потесен пристап каде што главните актери овој пат ќе бидат оперативните системи (софтверот што управува со хардверот) Windows 7 и Mac OS X. Како креативец можеби ќе бидам пристрасен кон Apple пакетот, но како подржувач на слободното размислување и слободниот софтвер сигурно дека на прво место за мене е GNU/Linux пакетот. Но слободниот софтвер ќе остане за некоја друга тема, приказната позади овој осврт се суштинските разлики на двата комерцијални оперативни системи.

Повеќе

Креативни реклами #3

kreativni-reklami-3

Продолжуваме со креативните реклами. Овој пат дел од оние кои оставија впечаток уште на почетокот на оваа година.

Повеќе

Зошто олимписките постери се лошо дизајнирани?

olimp

Олимписките постери еволуирале доста низ повеќе од сто годишното постоење на Олимписките игри. Но, според многумина меѓу кој и Дејвид Рос, бивш директор на Музејот на Современа уметност во Сан Франциско, станале полоши.

Повеќе

CSS/xHTML уредувачи што не „тежат“ многу

До пред неколку години беше многу интересно и забавно да се има инсталиран Adobe Dreamweaver како апликација што многу ќе ви помогне во совладувањето на програмерските предизвици. Но успехот на NetBeans, Aptana и Eclipse како и други некои што не ги знам (нека ми простат) успешно се покажаа во своите способности. Иако овие апликации како такви се одлични за користење, тоа не значи дека секогаш треба да се користат.

Повеќе

Уметноста позади популарните игри во 2010

Овој серијал на уметнички дела вградени и проширени во полето на изразување таканаречено „видео игри“, значајно им отвори работа на уметниците и илустраторите насекаде низ светот. Изминативе 20-30 години по ерата на StarCraft работите што се вметнуваат како визуална фреквенција во игрите се фасцинатни. Освен што игрите изгледаат ТОП овие луѓе треба да се грижат и сето тоа да работи беспрекорно. Дипломираните ликовни уметници што редовно им шета раката низ листовите во солидна креативна смисла со задоволство често пати ја бараат индустријата за видео игри како професионално и креативно поле за изразување, да не кажам „кец на десекта“.

Повеќе

Страна 26 од 29« Прва...1020...2425262728...Последна »