• Prikaznata za taraba
    Приказната за тараба

Nike „Write the Future“ краток филм

Nike write the future

Кога станува збор за рекламни кампањи Nike секогаш ја поместува границата на креативноста.

Овој краток филм ја претставува новата глобална кампања на Nike со нивниот нов потпис “Write the Future” во кој ќе сретнете некои од најголемите светски играчи кои ги инспирираат не само љубителите на фудбалот туку и сите други. Ова добро склопено видео е изработено од рекламната агенција Wieden & Kennedy, а продуцирано од страна на London Independent Films и Anonymous Content.

Повеќе

25 начина за заштита на вашата веб страница

veb zastita
Имам сретнато многу прашања во врска со заштита на веб страници низ нашиве форуми и блогови, па решив да направам листа со 25 начини за заштита што би можеле да ја искористете при изработка на вашите следни веб апликации.

Доколку имате прашање или пак сакате да додадете нешто, слободно оставете коментар.

Повеќе

Креативно сафари #1

Добредојдовте на нашата софа таканаречена list.mk каде што ќе ја шириме приказната за убавите и симпатични креации на нашата домашна и странска интернет заедница. Начинот на кој ќе го правиме тоа ќе биде на тапет за сите наши посетители и доколку нешто треба да смениме, со задоволство ги прифаќаме и разгледуваме сите ваши коментари. Со цел да ја почнеме креативно оваа голгота би сакале да ја испрезентираме креативноста на нашите графички дизајнери што сакаат или мислат дека тоа што го креираат е добро да го прикажат пред сите.

Тоа би било една инспирација што ја инволвира пролетта, а секој учесник може да ја сподели со нас визуелната симболика што ја доживува како пролет. Ова значи, секој што ќе направи позадина за неговиот desktop со големина 1280×1024 (72 dpi) и има врска со неговото видување за пролетта може да се пријави тука во форма на коментари, а временската рамка за праќање на вашите дела е до 1 јуни. Испраќањето на позадини би се одвивало преку праќање на електронската пошта (send {@} list.mk) и во најмала рака очекувајте да бидат објавени…

Мнозинството на позадини со УАУ ефект ќе бидат објавени како галерија без никакви нивоа или достигнувања. Сите автори ќе бидат потпишани заедно со пораката што би сакале да ја испратат преку „јавна порака“ во наводници на истата електронска пошта што ќе ја испратат заедно со позадината.

Важно: Секој што ќе остави коментар нека го стави како наслов во елетронската пошта неговиот потпис (Name/Име) од коментарот со цел наредниот пост што ќе ги содржи позадините да одговара на пријавата. Доколку нема некаква референца нема да знаеме дали апликантот го прочитал овој краток опис и запознавање на темата што ја обработува како креативно сафари. Нормално сите да си се потпишете во дизајнот на позадината (само гледајте тоа да биде суптилно), повелете…

Замислете само колку луѓе би го користеле вашиот Wallpaper како позадина, доколку е навистина УАУ!?

Богата спортска интернет сцена – Macedonia

Goran Pandev

Со голема гордост ќе се пофалам дека Горан Пандев игра во Лигата на Шампионите и во моментов (барем за мене) тој е најголемата Македонска гордост, а ако збориме за споменици би ставил негов, дефинитивно, на плоштадот во Скопје и Струмица. Гоче моментално има голема веројатност да си стави медалче од Лигата на Шампионите во неговата приказна за своите внуци, каде што нашата нација (во комплет) е горда на него. Верувам дека Интер ќе биде Шампион во ЛШ оваа година и ќе видам солзи радосници на лицето на Горан Пандев!

Повеќе

12 трендови во дизајнирањето на логоа

Секоја година си носи свои свежи и препознатливи трендови во сите области, така и кај дизајнирањето на логоа. Иако кај логоата важи она дека треба да бидат безвременски и секогаш препознатливи, дизајнерот секогаш мора да биде до тек без разлика дали ги применува новите трендови или ги користи само како инспирација.

Денес со растот на фирми и компании, расте и глобалната конкуренција, сите бараат начин како нивната компанија, производ или услуга да се издвои од големиот број на конкуренти. Свеж, креативен и атркативен дизајн на бренд може и те како да влијае на зголемувањето на профитот на една компанија.

Од почетокот на оваа година неколку стила и трендови јасно се издвојуваат над сите и иако сеуште рано се на добар пат да ја одбележат и цела 2010та.

Повеќе

Прикажување и криење на грешки во PHP

PHP error

Кога ќе се прикаже грешка на некоја страница таа може да открие доверливи информации што можат да им користат на напаѓачите кои сакаат да и наштетат на истата страница. Постојат неколку начини за криење на грешки, но во овој пример ќе разгледаме како со помош на PHP ќе можеме да прикажуваме грешки само кога ние ќе посакаме.

Повеќе

Успешeн AXE EFFECT маркетинг

Од 2003-та АXE го смени концептот на своите реклами, на подобро, мнооогу подобро, каде што „помагаше“ мажите да ги освојуваат жените лесно, со помош на AXE се разбира. Во 2004-та тогашната нова серија на дезодоранси Puls Fragrance помогна на еден гик играјќи да ги освои жените. После ова следуваше Touch, Unlimited, Clix и во 2007-ма Vice им помогна на добрите фини девојки да станат „лоши“.
Како и да е, сигурно секој од вас знае барем една реклама, без разлика дали видео или принт која оставила голем впечаток и сеуште изгледа примамливо. Тоа е AXE Effect.
Овде одвоивме 30 најдобри.

Повеќе

Страна 25 од 29« Прва...1020...2324252627...Последна »