• Prikaznata za taraba
    Приказната за тараба

Shoutbox со користење на PHP и MySQL

shoutbox

Најпрво да се претставам јас сум Стојковски Дарко aka macstr1k3r и ова е мојот прв гостински пост на овој блог, а се надевам дека во иднина ќе видите повеќе мои постови. Епа да почнеме.

Во претходните постови ви беа објаснети основите на php и како се користи. Во овој пост ќе ги искористиме вештините што ги имате стекнато до сега и ќе ги усовршиме со изработка на една едноставна shoutbox (види испразнисе.мк), апликација која што без големи потешкотии, доколку имате потреба, можете да ја претворите во систем за коментари.

Повеќе

10 Firefox додатоци за веб дизајнери


Нема потреба за појаснување што е Мозила Фајрфокс и зошто служи, добро познато на сите. Се повеќе расте процентот на интернет корисници кои како свој прв прелистувач ја бираат Огнената Лисица. Една од многуте предности покрај брзината се и дополнителните плагини и екстензии кои може да се инсталираат и значително да го подобрат вашето искуство на сурфање и работа.
За вас направив селекција на додатоците кои јас најчесто ги користам сакам да ги споделам со вас. Сите се компатибилни со 3.6.3 верзијата на Фајрфокс, а ќе може со клик врз сликата да ги инсталирате и на најновата верзија 3.6.4

Повеќе

Бесплатни веб-иконки слободни за користење

Veb Ikoni Thumb

Овие мали сликички ретко кој кај нас има време да седне и да ги прави оти сите проекти обично треба да се готови до вчера. Нашите клиенти стално негде им се брза и тоа силно делува врз директорите, а директорите знаеме кој требе да го „јачат“. Притисок, бесмислен притисок со што истовремено очекуваат тоа што го правиме да свети оти ако има малку кал, аaa не е професионално. Јас немам проблем често пати (од дед лајн мотиви) да користам слободни веб-иконки за користење, особено тие што се бесплатни и ослободени од големи авторски забрани со можност за комерцијална употреба.
Освен што допринесуваат за крајниот продукт да изгледа пристојно времето потребно да се имплементираат е многу кратко. Скоро за сите нема потреба од користење Photoshop или сличен багер за работа со графика.

Повеќе

PHP класа за работење со mySQL

mysql class

Постојат голем број на PHP класи за користење на mySQL бази но повеќето од нив содржат многу непотребни работи кои никогаш нема да се искористат. Во овој туторијал,  како што спомнав во претходниот текст, ќе ви претставам едноставна и лесна PHP класа за користење на mySQL бази на податоци.

Повеќе

Вовед во PHP

voved vo php

Денес PHP претставува еден од најчесто користените јазици за изработка на динамични веб сајтови. Создаден е од страна на Rasmus Lerdorf во 1995, а неговото развивање е во постојан тек. PHP е open-source програмски јазик, па на интернет многу лесно можат да се најдат готови решенија за многу случаи. Кодовите се вметнуваат во html документот, а за нивно извршување потребно е на серверот да има инсталирано интерпретер. Интерпретерот може да работи на скоро сите оперативни системи. Со доаѓањето на 5тата верзија, јазикот започнува да поддржува и објектно-ориентирано програмирање.

Повеќе

Наши твитераши со позадини

#twbg Thumb

Твитер социјалната мрежа има интересна наставка ставено за позадината што може да си ја менува секој член. Не дека е тоа нешто ново кај социјалните мрежи, но на Твитер е доста видливо тоа. Тоа може да се уредува во Settings → Design откако ќе се логираме. Тука има неколку веќе направени и приложени позадини од самиот сервис, но постои и можноста да си додадеме своја. Исто овозможува промена на боите на текст и одредени сегменти што се прикажуваат кога го посетуваме нашиот Твитер профил. Со малку знаење и уредување на тие два дела целиот комплет може да изгледа доста интересно и зачинето со сопствен додаток.

Повеќе

Креативни реклами #6

kreativni reklami 5

Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна кампања уникатна, впечатлива и успешна.

Во продолжение следуваат 10 креативни реклами #6.

Повеќе

Страна 21 од 29« Прва...10...1920212223...Последна »