Оптимизација на линкови за Интернет пребарувачи

seo linkovi

Деновиве се занимавам со оптимизација на линковите за Интернет Пребарувачи на odgovori.mk па по неколку обиди дојдов до интересна идеја која решив да ја споделам со вас.

Знаеме дека најдобар начин за оптимизација на веб страница за интернет пребарувачи не е само да се напише насловот во title и h1 таговите туку насловот да се наоѓа и во самиот линк. Знаејќи го ова пробав на неколку начини да ги оптимизирам линковите и на крај стигнав до линк како овој:

Стар линк: http://odgovori.mk/?q=230

Нов линк: http://odgovori.mk/q230-Проблеми-со-дигитална-камера

На прв поглед се изгледа како што треба, но сепак доколку сакаш да го споделиш линкот со некој ќе добиеш нешто вакво:

http://odgovori.mk/q230-%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0

Ова не е грешен линк но сепак не изгледа добро поради користење на кирилица во линкот, а и може да биде предолг.

По малку размислување дојдов до заклучок дека оптимизираните линкови им користат на ботовите на Интернет пребарувачите но не и на нас корисниците, па така доколку посетителот е бот линковите да се заменат со новите SEO линкови, а доколку не, да останат старите кратки линкови.

PHP скрипта за детекција на ботови:

function detect_bot() {
	$bots = array("Googlebot", "Slurp", "msnbot");

	foreach($bots as $bot) {
		if(ereg($bot, $_SERVER['HTTP_USER_AGENT'])) {
			$bot = TRUE;
		}
	}
	return $bot;
}

PHP скрипта за промена на линковите:

if (detect_bot()) {
	$link = "http://odgovori.mk/q230-Проблеми-со-дигитална-камера";
} else {
	$link = "http://odgovori.mk/q230";
}
gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот: Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

8 Коментари

  1. Според мене овој трик нема да му се допадне на google обично кога дознае дека некој го мува и му приредува специјална содржина за него тој тие сајтови ги банира. Случај беа Ауди кој потоа плаќаа казна за да се вратат на google. Совет за ова најдобро би ти било ова http://odgovori.mk/q230-Проблеми-со-дигитална-камера да го направиш во http://odgovori.mk/q230-Problem-digitalna-kamera.

    Зошто? Бидејки целиот контент на страната ти е со мк подршка и ќе излезеш на google секако кога ќе се пребарува со мк подршка а со латиница во url ќе добиеш подобар резултат и во латинично пребарување со тоа ќе имаш златна средина. Ова веќе го имам работено и е најдобар начин. Моја препорака е да не приредуваш специјален контент за пребарувачите зошто ќе те банират.

  2. What Dimitar said, $me agrees.

  3. @Dimitar

    Не мислам дека ова нема да му се допадне на Google затоа што има голем број страници кои имаат посебна содржина за GoogleBot каде што се отстранети банерите, формуларите и дополнителните работи кои не му користат на ботот.

  4. Dimitar, интересно. Но секогаш е добро да се знаат границите, да за можеш да ги почитуваш (или не).

  5. Yup, Google може да ти прави проблеми поради прикажување на различна содржина, а и решението некако ми изгледа прљаво.

    Инаку, штом на odgovori.mk користиш jQuery и знаејќи дека пребарувачите не се справуваат најдобро со Javascript, еве едноставно решението за проблемот:

    $(function () {

    $.each($('a[href]'), function() {

    var url = this.href.match(/(^.*qd+)/)

    if (url) {

    this.href = url[1];

    }

    });

    });

    Ова ќе ги смени сите url-а како што имаш опишано горе. Можеби ќе треба да го custom-изираш регуларниот израз во случај да имаш други слични url-а па да не ти ги смени и нив. Решението е client side, така да ќе имаш и помал терет на серверот. 🙂

  6. Ako navistina se zanimavas 10 godini so Web nemase da razmisluvas deka SEO zavisi samo za search engine, odma samo ke ja kazese definicijata za znacenjeto i op: Search Engine Optimization 🙂

    Inaku nema potreba od razlicna sodrzina megju lugjeto i Google… Koristi go http://www.odgovori.mk/q230 sekade,a dokolku vo URL-to sakas da opises naslov,koristi #. Primer http://www.odgovori.mk/q230#Moe_Prasanje

  7. И моето, нетехничко искуство укажува дека, сега за сега, најдобро е да се остави латиница во адресата. Сепак, има уште многу корисници кои пребаруваат на латиница, погленте си ги клучните зборови во GA. Патем, од пред некое време Google прави транслитерацијана пребарувањата, па затоа ине е толку голем хендикеп кога се пребарува на латиница. Ама никаде не сум сретнал дали такво нешто се обидува да направи и со линковите, некако не ми се верува :))

  8. Се сложувам со @Dimitar, @Ecchi и сите натаму да не ги набројувам. Честопати (да не кажам околу 90%) македонците (просечен корисник на интернет), бара на латиница.

    Да го оставиме SEO-то настрана, кога споделуваш линк, би било убаво “субјектот” да го гледат и луѓето, пред да кликнат на линкот да знаат што да очекуваат.

    Јас тоа го имам решено за KumanovoNews. Решението е JavaScript во администраторскиот панел, кога се пишуваат новостите:

    $(‘#naslov’).change(function() {
    $(‘#naslov’).val($.trim($(‘#naslov’).val()));
    $(‘#naslov’).val($(‘#naslov’).val().replace(/\s+/g,’ ‘));

    $(‘#novost_url’).val(toLat($(‘#naslov’).val()).toLowerCase());
    $(‘#novost_url’).val($(‘#novost_url’).val().replace(/\W/g, ‘ ‘));
    $(‘#novost_url’).val($.trim($(‘#novost_url’).val()));
    $(‘#novost_url’).val($(‘#novost_url’).val().replace(/\s+/g, ‘-‘));
    });

    Главната “финта” е функцијата toLat(str).