Кој кажа дека за гледање и објавување видео мора да користиме Youtube, за споделување музика да го посетуваме Last.fm или размена на податоци само преку Rapidshare и Hotfile!?
Никој! Сето тоа е наш избор и ние ги градиме вредностите на тие веб-сервиси преку нашата бројност при нивно користење. На сметка на тоа секој ден се градат и споделуваат разни веб-страни преку кои горе наведените содржини може да ги споделуваме на Интернет.
Во врска со тие размени и вредности на тие содржини што може да бидат гледани во голема бројност или слушани од голем број слушатели, некои паметни луѓе смислиле веб-сервиси преку кои може да се споделуваат тие креативни дела и истовремено сите инволвирани страни во нивното создавање и презентирање да дојдат до соодветна заработка.
Rapidtube.com

Rapidtube e тазе лансирана веб-страна преку која се споделуваат видео записи и според бројноста на гледаност носат и одредена заработка. Ако вашето видео (скеч, видео предавање, документарец, краток филм итн) постигне гледаност преку 10.000 гледања, тогаш може да заработувате до 35 долари по гледање. Освен што стимулира креативна видео размена исто така овозможува креаторот на видеото да заработува пасивен доход што ќе овозможи стабилна заработка
.
MDJ.com

MDJ ја опфаќа истата тематика само што наместо видео тука станува збор за музика. Колку супер… Баш би сакал да видам македонски музичари како заработуваат, без притоа да паѓаат на стандардот на македонската безнадежна сцена. Ако се крене нивото на финансиска безбедност на македонските автори ќе изгубат неопходна потреба да „шиткаат“ никакви песни на никакви пеачи. Барем во таквата подобрена иднина, ако музичарите веќе заработуваат на меѓународна сцена, за домашна сцена ќе се пласира квалитетни песни на никакви/некакви пеачи каде пеачите ќе гракаат, а песните сепак ќе се слушаат
.
Uploading.to

И уште еден дополнителен момент е Uploading.to, сервис што го спомнаа и „фаци“ како lifehacker и addictivetips, а убавината што ја овозможува овој сервис е еднократна размена на дигитален материјал преку Интернет истовремено на 10 познати share веб-сервиси како што се Rapidshare, Hostfile, Filesonic и слично…
Се надеввам дека ќе се најдете во овие предлози што ги споделуваме со вас. Не пропуштајте да го споделите ова со блиски креативци што ги познавате или таквите што не слушнале за овие можности! Само напред
Ослободи се од Google и користи DuckDuckGo.com






















