Нијансите помеѓу Mac OS X и Windows 7

win7-mac

Како продолжение на објавената статија „Компјутер за дизајнери, PC или Mac?“, ќе се обидам да ја проширам темата во малку подлабок и потесен пристап каде што главните актери овој пат ќе бидат оперативните системи (софтверот што управува со хардверот) Windows 7 и Mac OS X. Како креативец можеби ќе бидам пристрасен кон Apple пакетот, но како подржувач на слободното размислување и слободниот софтвер сигурно дека на прво место за мене е GNU/Linux пакетот. Но слободниот софтвер ќе остане за некоја друга тема, приказната позади овој осврт се суштинските разлики на двата комерцијални оперативни системи.

Вечните ривали Apple и Microsoft

Има неколку причини зошто Mac OS X стана толку популарен и така пристојно присутен на нашите простори (освен што е еден од најдобрите оперативни системи на светско ниво), сето тоа е благодарение на успешниот Apple со афирмирањето на своите производи и добро подготвените маркетинг презентации. Така спакувано со добро познатиот елегантен дизајн и квалитетниот спој на хардвер-софтвер хармонија Mac компјутерот е беспрекорна „сабја“ за секој креативец. Windows Vista успешно со својот неуспех му отвори место за превласт на Mac OS X со што едноставно Apple си го зазеде своето место на пазарот во поголем радиус. Тоа денеска почнува да го балансира Windows 7 со тешки маки, но успешно го бутка Mac OS X надоле на полиците што кажува за сериозниот квалитет на Windows 7. Додаток на тој успех е оптимизираноста на Windows 7 за notebook компјутери што е голем дел од пазарот денеска и доста експлоатирано поле. Но има некои работи што Mac OS X сепак подобро ги може.

Еве неколку битни причини зошто графички дизајнер повеќе би се одлучил за Mac:

  • Стабилност
  • Сигурност
  • Едноставност
  • Стил

OS X е добро познат по својата стабилност, како и употребата на ист компјутер од повеќе корисници. Исто така Mac OS X е скоро virus-free што е многу голем фактор за да стане прав избор. Едноставноста е приказна сама за себе и уредувањето на компјутерот е тотално мануелно што корисникот има целосна котрола врз активностите на хардверот во однос на софтверот. Тоа значи дека ако Photoshop треба да работи 100% ефикасно под одредени услови, на Mac OS X може да се припреми околината за Photoshop да работи со 99% ефикасност, што само по себе е многу скалила над околината во Windows 7. Да напоменам дека Windows 7 ги има во голем дел овие вредности, но станува збор за нијанси што за еден Графички/Веб Дизајнер се видливи, генерално нели и таквите креативци работат со нијанси и како такви ги перцепираат во поголем интензитет. Соодветна споредба за тоа е цената на еден Apple спакуван пакет и еден Microsoft спакуван пакет.

Иако знаеме каков е односот на генералниот пазар за комерцијални оперативни системи, популарноста на Apple во однос со Microsoft нема никогаш (барем во догледна иднина) да се промени. Исто така голем плус се и додатоците што ги лансира Apple како iPhone, iPod и слично што имаат неверојатен успех. Секогаш best buy за еден креативец што алатот му е истовремено и домаќин и перница и книга и социјална порта и убавина и што уште не, Apple компјутер со Mac OS X во пакет е најелегантното решение.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

4 Коментари

  1. @daniel

    да но линкот на PC World се однесува за сите, ние тука збориме за дизајнери 🙂

  2. Еве неколку битни причини зошто графички дизајнер повеќе би се одлучил за Mac:

    Стабилност (не би се согласил)

    Сигурност (ок)

    Едноставност (не би се согласил)

    Стил (како за кого)

  3. скапи се Apple за спонзори 🙂
    http://www.pcworld.com/article/170789/why_macs_ca
    добра последна реченица

  4. Јас како што знам најголемиот дел на дизајнерите го избираат MacOsX поради начинот на исцртување на фонтовите т.е. Виндоус се одлучил да крати некои пиксели од фонтовите за да тие едноставно имаат подобар приказ на екранот.

    Додека од друга страна Apple се задржува на нивниот концеп да бидат фонтовите какви што се со што автоматски дизајнерот кога работи нешто е сигурен дека така и ќе биде испечатено.

    Тоа е и причината зошто сеуште на MacOsX фонтовите и не се баш најсјајни за око а на Windows се тенки и подобро видливи за човечкото око.