Нешто повеќе за SpotMe

SpotMe

Android апликацијата SpotMe освои второ место на Vip Андроид™ предизвикот и се стекна со позитивна популарност, но благодарејќи на нејзините креатори сега имаме можност и малку подетално да навлеземе во приказната за оваа социјална алатка.

Сликите од апликацијата се позајмени од SpotMe – места и настани околу вас, оригинално објавено на http://mobile.komunikacii.net.

SpotMe се карактеризира со интересен и прост концепт што потекнува од прашањата:

  • Каде вечер?
  • Што има во Хард Рок?
  • Каде е пивофест?
  • И слично…

Тоа овозможува полесно пристапување до податоци на интернет поврзани со забава и ноќен живот, на мојот телефон, без притоа трошење на многу време и енергија за прашањата од типот што да се прави вечер.

Тимот позади оваа софтверска бонбона се нарекува Web Factory и подетални информации за нив ќе имаме кога ќе имаат сопствена интернет страна, се надевам набрзо, затоа што и SpotMe го заслужува истиот третман.

Najava

Од авторите: SpotMe е апликација која ќе ви помогне да бидете во тек со најновите настани за сите локали во Македонија. Нуди информации за локалите и мислење од другите корисници. SpotMе ќе ви овозможи да запознаете нови пријатели преку chat функционалноста каде ќе може да комуницирате со луѓето кои што ја користат апликацијата.

Нагодување

Настаните немора да бидат само за излегување во ноќен клуб, напротив, палетата опфаќа кино, културни настани, театар, фестивал и слично. На ваков начин настаните полесно се комуницираат користејќи го едноставно мобилниот телефон и интернет врската. За подетално што сакате да гледате на мапата си избирате од уредувачот на категории.

Opcii

Kategorii

Мапа

Мапата ја има главната улога во апликацијата и тука се добиваат информации за се што се случува или за тоа што сакате да дознаете каде ќе се случува. Сите информации на мапата се директно поврзани со регистрираните корисници што ќе остават детаљи за настаните и местата што вреди да се посетат во периодот што следи.

Mapa

Mapa Terenska

Mapa Terenska Label

Места

Mesto

Настани

Позитивни вибрации ми оставија начинот на прегледување настани и места со интересен и чист дизајн на интерфејс и суптилни анимации што ме прави посебно горд на нашиве програмери.

Nastani

Муабет

Chat

Razgovor

Линк за симнување директно од мобилен со Android оперативен систем, овде.

Android OS

QR код: QR code

Апликацијата работи на мобилен телефон со Android оперативен систем и е бесплатна за користење. Браво и честитки уште еднаш за овој проект и постигнатиот успех, САМО НАПРЕД!

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

3 Коментари

  1. Апликацијата е одлична. Само треба да ја лекторираат зошто „Емаил“ не постои во македонскиот јазик.

    Предлози:

    емаил = е-пошта

    лоцирање = пронаоѓање

    ова ми се единствените забелешки btw.

  2. Ваа е само за скопје или ?

  3. Сликите што ги имате објавено се од http://mobile.komunikacii.net/08/2010/spotme/ и истите се под оваа лиценца http://creativecommons.org/licenses/by-nc-sa/2.5/… која не ја почитувате или исправете ја грешката или тргнете ги сликите.