Посетата на Сталман (основач на GNU проектот и free software движењето) во Македонија, ја закитија голем дел од екипата на list.mk доследно присустни низ целото предавање кое што се заврши со една заедничка фотографија. Ричард Сталман држеше предавање за робовладетелските механизми искористени преку авторските права и типовите на лиценцирање како што е заштитениот (со сопствеништво) софтвер. Опасноста од патентирањето и лиценцирањето во скоро сите мултимадијални категории каде што се спомнаа дополнително филмовите, уметноста, музиката и слично. Како и да е, најголем впечаток оставија прашањата на крајот од предавањето каде што многу луѓе мислејќи дека треба да постават прашање, направија забавна атмосфера поткрепена со гласно смеење (особено „АСП“ прашањето).
Фотографиите успеав да ги спакувам во една кратка документарна приказна каде што последната фотка ја запечати @Delicon.
Фото: Благој Капсаров, настан: Предавање на Ричард Сталман во Холидеј Ин во организација на Слободен Софтвер Македонија.












[...] на производите што се креирани под „чадорот“ на слободен софтвер растат и се обновуваат со огромна брзина. Веќе сме [...]