Направете си сопствен Фонт со Font Forge

fforge-thumb

Идејата да се создаде фонт, текстуална азбука што ќе се користи потоа за пишување и споделување на некаков јазик, денес може секој да ја реализира.

Typography е заедничкиот збор, на Англиски јазик, за сите нешта што се споени во оваа наука. Создавањето на Фонт за некој јазик е една од поблагодарните дарови што можеме да ги споделиме со општеството каде што живееме. Со вашите букви што ќе ги нацртате ќе можам јас сега да штракам по тастатурата и да го прочитам тоа што ми излегува од главата и истовремено да го споделам со вас.

FontForge е слободен софтвер што е наменет за создавање Фонт. Тоа на повеќето графички дизајнери што имаат некаква блискост со цртање букви ќе ги асоцира на Inkscape, Illustrator Corel, FreeHand и слично. Апликациите што се занимаваат со создавање на знаци за Фонт обично се сродни со алатките за креаирање векторска графичка содржина. Единствената разлика е што апликациите како FontForge се наменети и потковани специјално за креаирање на знаци односни букви и бројки за креирање на Фонт. Реалноста за оваа работа е што припаѓа на категоријата занаетчиска. За да направиш добро ќумбе треба многу добро вежбање. Вештината на рацете тука е многу значајна и особено со добро поткована едукативна позадина околу типографијата. Еден таков уредувач на знаци за некој фонт ќе ја направи работата полесна со тоа што самиот ќе ги собере сликите што сте ги нацртале и ќе ги комплетира во знаци од букви и бројки за Фонт што ќе може да прикажува текст на вашиот компјутер.

Инсталација

Јас колку што можев да видам станува збор за добро поткована алатка што е наменета пред се за GNU/Linux оперативните системи, но и за корисниците на Microsoft Windows. Истите треба една припрема да направат за да можат да го користат FontForge, a тоа е инсталирање на cygwin што претставува емулатор на GNU/Linux средина во Microsoft Windows оперативен систем.

Запознавање со терминот Фонт

Фонт е колекција од знаци што претставуваат букви. На пример, еден буква е прикажана на мониторот со некаков знак. Надополнувањето на тоа е што една буква може да биде претставена од повеќе знаци. Таа збирка од знаци сочинува еден концепт со едно име што е заеднички познато како Фонт. Е сега тој фонт е распореден на еден систем на мапа каде што е преведен во збир на бајти. Тие збирки од бајти ни презентираат текст на нашите екрани. Постојат три видови на репрезентација на некаков Фонт. Едниот е со цртање на контурите на знаците од азбуката, додека вториот е преку пополнување на мрежа од пиксели во правоаголна рамка. Третиот вид не е толку популарен и е познат како Фонт-Линија. Најчесто се среќаваат PostScript и True Type (Open Type) фонтовите каде што е нацртана контурата на буквата, а внатрешноста на таа контура е пополнета со боја.

typography-aspeciment

Тоа би било на кратко околу запознавање со создавањето на текстуална уметност, останатиот дел ви го препуштам на вас. Овој слободен софтвер му овозможува слобода на секој што има инспирација и желба да креира букви и бројки што ќе ги сподели со сите нас во креирање на текстуална содржина слободно.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.