Нацртај векторски Таблет-уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Една мала лекција за големината на слободниот софтвер и што сè може да правиме со него (да расчистиме стереотипи и слично). Inkscape како векторска алатка во последните неколку години зазема еден сериозен потфат кај дизајнерите желни за нови предизвици што често пати експериментираат. Во денешниот туторијал ќе помогнам во создавањето на измислен touch-pad tablet. Незнам дали го исполнува нивото на детаљите што можеби повеќето графички дизајнери го очекуваат, но тоа сепак е релативно.

Inkscape може да го најдете на inkscape.org и веднаш да го зачувате за оперативниот систем што го користите (GNU-Linux/Windows/OS X). Откако ќе го инсталирате прво што треба да се уреди е документот, слоевите (layers) и помошни линии.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Откако поставувањето на А4 листот го менувате во легнат формат, наредно треба да ги дотерате и слоевите што се наоѓаат во долниот дел од интерфејсот на апликацијата веднаш под палетата со бои.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Јас практикувам највисокиот слој да е специјално само за помошни линии и мерки, додека сите под него (1 или повеќе) да ги користам за тоа што го работам. Уредувањето на слоевите во Inkscape се прави преку менито Layers и тука може да додавате, менувате во длабочина и промена на името на избраниот слој.

Сега слоевите се поставени, наредно треба да се додадат помошните линии за внимателно одредување на перспективата. Линиите што се прикажани подоле на сликата се претходно определени со скица за овој туторијал и сега препорачувам да ги исцртате така, користејќи го „Draw freehand lines“.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Изберете од алатникот „Create rectangles and squares“ и горе во поставувањата кај Rx (радиусот) ставете вредност 20 px. Со влечење нацртајте правоаголник со заоблени агли како што е прикажано на сликата.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

За да може да ја корегирате перспективата на овој правоаголник треба да направите една промена на објектот од Object во Path. Така како обична патека со криви ја избирате алатката „Edit paths by nodes“ и ги менувате така како што перспективата ќе изгледа логично за окото. Или може да ги користите помошните линии како рамки и ќе биде поблиску до саканата перспектива.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Уредувањето на точките е исто како и избирање повеќе датотеки со глушецот (влечи-пушти). Но овој начин на менување перспектива е доста застарен и после него се јавуваат проблеми. Тие проблеми може да се корегираат со „Make selected nodes smooth“. Сите агли имаат мало накршување и треба да се испегла тоа со избирање на деформираната точка и клик на „Make selected nodes smooth“ што ќе ги израмни таквите аберации.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Откако горниот дел од телото на уредот е направено треба да додадете втор слој што ќе ја одреди дебелината. Со Select го избирате горниот објект и со Ctrl+D го дуплирате. Го поместувате доле десно и му ја менувате длабочината со копчето End на тастутрата. Со „Edit paths by nodes“ ги корегирате точките во горниот десен агол и долниот лев агол каде што телото треба да се спои во една комплетна целина.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Откако тоа е средено, сега може да ги ставите и боите на двата објекти преку избор од менито Object -> Fill and Stroke… каде што предниот објект ќе биде темно сив, а долниот светло сив и треба да му ја исклучите контурата.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Следните украси како екран, звучници и некои копчиња може да си ги измислите сами или само пратете ги сликите како насока за да се постигне саканиот Таблет ефект.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Звучниците ги цртаме со алатката „Draw freehand lines“

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Екранот го правите исто како и првиот правоаголник, но сега радиусот Rx е со вредност 2px. Ја правите пак целата процедура со перспективата и дотерувањето на искривените точки.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Додавањето на ефектот светлина кај екранот се прави со користењето нијнасирано боење (со Gradient editor). Начинот на користење на нијансирањето е малку различно од производите на Adobe, но истото се случува. За да додадеме точка на мешање треба да користиме Add Stop. Ако сакаме три точки на мешање на нијансирањето, тогаш трипати додаваме Add Stop, а насоката и начинот на нанесување на објектот го правиме со алатката „Create and Edit Gradients“.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Откако светлината сте ја одредиле го избирате првокреираниот објект и двапати Ctrl+D. Новите два дупликати ќе испливат најгоре, а за да ги разликувате ставете им друга боја. Првиот поместете го горе лево, а долниот дупликат што ќе остане оставете го таму каде што е. Оригиналниот објект со темно сива боја треба да остане недопрен, сега ги уредувате само двата дупликати.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Со изборот на Path -> Difference го исековме долниот дупликат и сега имаме само еден објект на кој треба да му исклучиме контура и да му смениме боја.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

За крај со овој објект додајте ги вредности на Fill како што се прикажани на сликата што следи.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

За крајот да го краси делото треба да додадеме сенка, а сенката ја правиме исто со дуплирање (Ctrl+D) на првокреираниот објект. Го боиме со црна боја и со „Edit paths by nodes“ го деформираме да изгледа како сенка што паѓа.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Ги отстрануваме вишокот точки и ги корегираме со „Edit paths by nodes“, а потоа го туркаме објектот со End на тастутрата позади сите објекти.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Сенката ја комплетираме со користење на Gradient Editor, а потоа и додаваме Blur и Opacity. Вредностите за тие два параметри ги имате на сликата.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Откако во голем дел е веќе готов векторскиот Таблет, добро е некои детаљи да се додатат, мали подобрувања на боите и некои додатни ефекти по вкус.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Ефектот е направен со дуплирање на екранот и мало поместување горе лево. Бојата е внимателно одбрана за да делува како отсјај и да постигне ефект на длабочина. Крајниот резултат треба да изгледа вака.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

Преземи ја SVG датотеката од векторскиот таблет.

Нацртај векторски Таблет уред со Inkscape

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Може да ве интересира:

3 Коментари

  1. Inkscape е напишан во Phython па затоа gdamjan го сака :D Браво,одлична идеја и реализација.

    Одговори на овој коментар
  2. Интересен туториал. Еве нешто слично: ТВ со PhotoShop!

    http://psd.tutsplus.com/tutorials/icon-design/dra

    Одговори на овој коментар

Напиши коментар

Известувај ме преку емаил за новите коментари. Можеш да се претплатиш и без да оставиш коментар.