Моќта на Фејсбук

Денес и малите деца знаат што е Фејсбук. Денес никој не прашува за и-мејл или мобилен, прво те прашуваат дали имаш профил на Фејсбук. Колку е голем и популарен зборува тоа што има над 500 милиони корисници низ целиот свет, и над 500.000 во Македонија. Го користат од десетгодишници до мултимилионерски компании. Дали сте знаеле дека секој Фејсбук корисник е фан на просечно 80 страни, групи, настани. Дека секојдневно се споделуваат 900 милиони слики, видеа, линкови, настани, постови, честитки, текстуални пораки…

Една страница на Фејсбук вреди повеќе од 10 страници во дневен весник. Една објава за настан на Фејсбук има поголем ефект од радиото и телевизијата заедно. Ова ако се знае дека фан страниците се бесплатни. Значи моќта на Фејсбук страниците е огромна. Одамна компаниите го увидоа тоа и се трудат со добар дизајн и интеракција да го привлечат вниманието и искуството на посетителот.

Не постојат некои стандарди за самиот изглед, но има неколку непишани правила. Јадрото на секоја Фејсбук фан страница е FBML (Facebook Markup Language). Овој јазик ви овозможува целосно да навлезете во Фејсбук светот и да креирате Фејсбук апликации и „кастом мејд“ фан страници со кои ќе се здобиете со повеќе фанови. Она што ги дели посетителите од фановите е само едно Лајк копче. Штом веќе сте успеале посетителот да стане ваш фан, веќе имате потенцијален муштерија за вашите услуги и производи.
Еве само неколку добри примери на „кастом мејд“ Фејсбук фан страници, а доколку знаете фан страници на македонски компании слободно споделете во коментарите подолу.

















gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.