Моќниот сервис Google Translate во пракса

gtr_thumb

Можноста да комуницираме на повеќе јазици е условена од посетување на курс за изучување на некој јазик или во најдобра варијанта да се запишеме на Филолошки факултет и да изучуваме повеќе јазици украсени со факултетска диплома. Сепак, денеска постои специјална алатка за таа намена и е бесплатна и корисна благодарение на Google.

Google Translate овозможува повеќе можности и решенија за збогатување на нашиот речник и тоа на повеќе јазици. Освен тоа што може да го најдеме на www.translate.google.com каде што користиме веќе познатите начини на преведување, во текстот што следува ќе ги разгледаме сите тие корисни и употребливи примери во користење на автоматизиран преведувач во пракса.

gtranslate

Регуларниот начин на преведување содржина од еден во друг јазик се прави со посетата на овој Интернет сервис и вметнување на ископираниот текст во полето за наведување оригинален јазик. Текстот веднаш се преведува на избраниот јазик и го имаме резултатот од веб-сервисот за преведување на Google. Исто така доколку сакаме да преведуваме цели Интернет страни тогаш во полето за вметнување текст ја вметнуваме (URL) патеката од интернет страната (пример:www.time.mk) и кликаме на копчето „Translate“.
Ова повеќето од вас можеби веќе го знаат, но за прескокнување на целиот тој процес сега има можности за пофлексибилна употреба на Google Translate директно во Интернет прелистувачот.

Google Toolbar

Едниот од многуте примери е користењето на Google Toolbar додатокот за Internet Explorer или Firefox. Истиот може да го имате со директно користење во Google Chrome Интернет прелистувачот. Но овој помагач освен што овозможува некои предности при користење на повеќето сервиси од Google, има интересна соработка директно со страната што ја прегледуваме. Ни дава во сегашно време преведени сегметни од некоја веб-страна или избрани делови од текст на истата. Ако Google Toolbar додатокот е премногу за некои вкусови, тогаш топло препорачувам „bookmark“ копче со избраниот мајчин јазик. Го лепиме копчето во омилени линкови и приказната е завршена. На било која веб-страна што ја посетуваме во моментот, само го кликаме копчето и страна е преведена.

Превод на документи

googletrans-toolkit

Има неколку начини на користење Google Translate за преведување на документи. За сите познати Office датотеки кои ги прикачуваме на местото за прикачување документи, Google Translate веднаш ни ја приложува преведената копија. Тие познати текстуални документи што ги подржува се: PDF, TXT, DOC, PPT, XLS or RTF. Освен тоа има и проширување на можностите за манипулација и уредување на преводот во документот. Google Translator Toolkit е сервис што го користиме со истата членска сметка што важи за сите Google веб-сервиси и апликации.

gtrans-toolkit

Овозможува едноставен интерфејс каде што имаме список на документи што сме ги прикачиле за преведување. Доколку имаме некое разбирање од јазикот во кој преведуваме, тогаш може и да се интервенира директно во преводот. Овој комплет од алатки овозможува таква интервенција, а истовремено со тоа помагаме за подобрување на разбирањето помеѓу двата јазика. Освен ажурирање на документи, овозможува и креирање на документ од некоја Интернет страна во дадениот јазик. Ако сакаме да преведуваме некоја веб-страна го внесуваме URL линкот од истата и Google Tranlator Toolkit ни креира документ што ја содржи нејзината преведена верзија. Преку истиот сервис можеме да го споделиме документот со друѓи луѓе и истовремено да работиме на подобрување на преводот. Сервисот овозможува уште неколку начини за уредување на таа текстуална содржина, но сепак не очекувајте многу можности дека е наменет за преведување.

Преведено пребарување

Ова е едно од најинтересните начини на користење преведувачки алатки од Google. Пристап до Language Tools има директно на www.google.com до полето за внесување термини. Тоа не пренасочува на друга страна каде што можеме да избереме мајчин јазик. Откако сме го избрале сега може да избереме неколку јазици на кои сакаме да видиме резултат. Впишаниот збор за пребарување и истовремено преведување на веб-страните што сме ги добиле како предлог од Google е нешто фантастично. Резултатите може да се од било каде на земјината топка, на локален јазик и ние го имаме луксузот тоа да го разбираме на нашиот јазик. Ако сакам да најдам нешто, но резултатите што ги добивам се на некои странски јазици што не ги разбирам, Language Tool ќе ми овозможи сето тоа да го добијам веќе преведено на мојот мајчин јазик. Го впишувам тоа што сакам да го најдам, избирам неколку јазици и завршено. Освен оригиналниот термин преведен на избраните јазици Google ми ги презентира резултатите на мојот јазик, а на пример тие веб-страни се оригинално Полски, Француски, Индиски или слично.

Звучно преведување

Еден голем чекор напред и за овој сервис, можам само да му честитам и ракоплескам на Google. Ова го воведе Google како технологија што ќе ги чита буквите и ќе може да состави самата звучна реченица од буквите. Но тоа брзо се прошири и на gTalk затоа што многу луѓе експериментираа директно таму што го натера Google да го вметнат звучното препознавање на текст насекаде низ Google сервисите. Тоа толку се прошири што во последно време можеме да видиме Android App и iPhone App што може да работи како универзален преведувач директно со соговорникот. Ако сте гледале Star Trek ова ќе ви изгледа како остварување на сонот. Го снимаме нашиот глас со изговорање на тоа што сакаме да го кажеме користејќи го микрофонот на телефонот во софтверската апликација и само го одбираме јазикот на кој сакаме тој превод да го слушнеме. Резултатите ги имаме веднаш и го пуштаме преведениот звучен запис да зборува наместо нас, а гласот си ја кажува пораката на нашиот соговорник на неговиот јазик.

gtrans-mobapp

Овие апликации уште се во „бета“ верзии и претежно за тестирање, но има еден натпревар на Android OS против iPhone OS имплементација со што се прави простор за брзо развивање и подобрување. Замислете колку можности отвара таквиот начин на комуникација. Не сте изучувале некој јазик, а можете слободно и прилично разбирливо да комуницирате на било кое ниво со вашите соговорници. Вметнување на овие способности за преведување на Google ја докажува неговата доследност и иновативност.

Заеднички јазик

Јазикот како бариера е концепт што почнува да изблeдува и доаѓа ерата кога сите ќе се разбираме едни со други, иако ќе си имаме различни јазици. Се наближува времето кога во говор истовремено преводот ќе се одвива обострано. Се што ќе кажам јас, од другата страна (Кина) ќе се слуша на кинески јазик и обратно, се што ќе ми кажат они ќе го слушам јас на македонски. Тоа е одличен начин за проширување на културата и вредностите што ги споделуваат различностите. Ова со паметните телефони да имаат универзален преведувач ќе биде голем предизвик, но се надеваме наскоро ќе ги видиме подобрени и проширени овие сервиси за превод на Google. Секако дека ова не се сите можности што ги нуди овој сервис, но слободно истражувајте, тестирајте и пробувајте да ги користите благодетите на овој сервис.

Овој текст е оригинално објавен во списанието ClickMag, број 34.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.