Мамо, мамо, сакам Bamboo Fun

bamboo_thumb

Можеби едно од најновите ремек дела создадени за дигитално цртање и комуникација на допир со вашиот компјутер. Да, сум пристрасен затоа што многу си ги сакам таблиците за цртање на Wacom, но да не се залажуваме, сепак изборот е на место.

Иако споиле две активности во еден уред, каде што цртањето е во прв план, користењето на компјутер преку пад на допир со гестови на прстите е интересна појава.

bamboo-fun2

На прв поглед Bamboo Fun e спакувано во добро дизајнирана кутија каде што секој елемент си има свој простор. Поврзувањето се одвива преку USB кабел и може да се користи на работно биро или во скут. Наменета е да работи на сите видови компјутери без разлика дали се PC, преносливи компјутери или MAC. Дизајнирана е да се користи во landscape позиција затоа што е комбинација на Pad & Touch. Доаѓа во комбинација со упатство за користење и CD со потребниот софтвер за користење. Освен тоа има и дополнителни апликации како Adobe Photoshop Elements, Nik Color Efex Pro и Corel Painter Essentials.

Гестови

Зошто е значајно тоа во овој модел? Затоа што користењето на таблет за допир во комуникацијата со вашиот компјутер е многу попријатно од веќе досадните глувци. Прво е ергономски и раката не е фиксирана на една точка во одредена положба. И второ, тоа што го споиле две-во-едно-уред во користењето делува како при користење на iPhone или iPad, само што екранот е неколку сантиметри подалеку. Најбитни се неколку гестови на прстите со кои може да ви се олесни животот во користењето на вашиот компјутер. Тоа опфаќа навигација, лев и десен клик, следна страна и претходна страна (за сурфање на интернет), скрол, зумирање и вртење на сликата како и ред други работи…

bamboo-fun3

Половина од овие гестови се направени за подобра интеракција, особено во работа со Photoshop или некоја слична апликација каде што во голем дел е исфрлена употребата на глушецот. Додека цртаме или скицираме/дизајнираме за некои технички промени во однос на големината на прозорот или навигацијата врз тоа што го правиме, често пати го оставаме дигиталниот молив и работиме со глушецот. Сега во овој модел на Bamboo може и да го скокнеме тоа „малтертирање“. Поентата на цртањето е да црташ додека си во тоа без прекин, сепак и најмалиот прекин може да растури голем дел од мотивот за цртање и да влијае на резултатот. Затоа за тие ситни техникалии може да ги користиме прстите и тоа на лице место.

Забава

bamboo-fun4

Околу цртањето и користењето за слични активности на таблетот Bamboo Fun од Wacom нема потреба да се раскажува, само и едноставно нема потреба да размислувам. Наменето за секој ликовен кретивец што многу интересно ќе му се види цртањето.
Ако сакам да создавам дигитална уметност овој таблет би бил мојот избор за дома. Големината на целиот уред е 33,8 cm x 22,4 cm (ширина – висина), а активниот простор е 21,6cm x 13,7cm за пенкалото и 19cm x 13cm за прстите (допирот).
Може да се користи реверзибилно со лева или со десна рака ви зависност од корисникот.
Интересен момент е рапавата површина на просторот за цртање што дава чувство како да цртате директно на лист хартија.

bamboo-fun5

Целата приказна гледано од страна вкупно делува како заедничка игра на Wacom, Adobe и Apple каде што и самиот приказ делува како заеднички проект. Wacom многу паметно избрал оро и играорци, а ние можеме само да му честитаме на тимот што ги создава овие уреди за креирање дигитална уметност. Најголемата награда за изработката на ваквите уреди е кога ќе си купите еден таков едноставен член во компјутерското танго со вашиот компјутер.


Овој текст е оригинално објавен во списанието ClickMag, број 29.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

2 Коментари

  1. Кај се купува? Колку пари чини?

  2. Верзијата за која пишувам е http://eu.shop.wacom.eu/Bamboo-Fun-S-Pen-und-Touch_detail_303_68938.html и во нико компјутери е http://www.nikocomputers.com/partsprice.htm 5,290.00 денари, според нивниот ценовник