Македонски хостинг пакети за веб страни


Во нашата веб-приказна на Интернет низ годините со зголемување на побарувачката на веб-страни се зголеми и бројот на компании што нудат „сместување“ на тие веб страни.

Хостирање (сместување) на една веб-страна подразбира HTML/CSS/JS/PHP/итн… документи што ја сочинуваат таа веб-страна сместени на еден сервер што е поврзан преку Домен (името на веб-страната http://nekoeime.mk) и преку DNS адреси јавно достапни на Интернет.

Пристапноста на веб-страните достапни на Интернет зависи од брзината на серверите каде што се хостирани овие веб страни и начинот на нивното хостирање. Затоа постојат повеќе видови на хостирање од кои најпознати се заедничкото хостирање што подразбира повеќе веб-страни на еден исти сервер, VPS или виртуелен-приватен сервер што значи дека веб-страната има спцеијални ресурси од серверот наменети само за неа и посветен сервер (Dedicated server) што подразбира еден сервер (цел компјутер) специјално наменет за една веб страна.

Најчесто користена варијанта е заедничкото хостирање и кој друг ако не Neotel ќе даде појасна дефиниција за заедничко хостирање:

Што е заедничко хостирање?

Заедничкото хостирање претставува хостирање на сервер кој го делите со други корисници, при што немате администраторски пристап до самиот сервер. Овој начин на хостирање обезбедува, на поединци или пак организации, системи за чување на информации, слики, видео или други содржини кои им се достапни на интернет корисниците по пристапни цени. Заедничкото хостирање кое го нуди НЕОТЕЛ одговара за најголемиот број на лични веб страници, како и мали корпорациски веб страници. Заедничкото хостирање вклучува и електронска пошта, бази на податоци и копија на податоците во траење од една недела. Копијата на податоците се прави еднаш дневно.

За таа цел овие пристапни цени во денешно време ги спакувавме во една заедничка целина со цел нашите посетители и заинтересираните во врска со хостирање Интернет страни да добијат една прилично јасна слика на едно место.














Цените се преземени од ценовници на почитуваните компании што нудат таква услуга на ден 12/10/2011 година.

gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот: Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

2 Коментари

  1. читател 13 Oct, 2011 во 01:15

    мислам дека не се земени во предвид сите кои требале да бидат земени со што се прави несакана дискриминација или фаворизирање на некој од нив – hostiraj.com.mk не е во оваа листа иако станува збор за етаблиран бренд кој е повеќе од 5 години на пазарот … плус мислам дека треба да се прави споредба по блискост на понудените опции вака дијапазонот на цена на годишно ниво е многу променлива исто како и просторот и месечниот трансвер …
    си можел да го направиш ова подобро како што обично сме научени од тебе …

  2. не се земени сите или треба да се објави нова листа пр ги нема
    win.mk(website innovative network) го нема xlhost.mk го нема azgard.mk го нема и mkserver.com.mk и други