Листа за потсетување: CSS кратенка за фонт


Кога се одредува стил на фонт во веб-страна што ја изработуваме, во CSS-от најчесто користиме font-family, font-size, font-weight, поточно, нашиот код изгледа нешто како ова:

font-style: italic;
font-weight: bold;
font-variant: small-caps;
font-size: 27px;
line-height: 21px;
font-family: Verdana, sans-serif;

Ова се 5-6 линии код можат да ви одземат многу време доколку треба да ги употребите неколку пати во вашиот CSS, а и страницата ќе се отвара побавно.
Со користење на CSS кратенка за фонтови кодот погоре може да се замени со само 1 линија.

font: italic small-caps bold 27px/21px Verdana, sans-serif;

Мало предупредување, оваа кратенка ќе функционира доколку имате декларирано најмалку големина на текст и фамилија на фонтови. Фамилијата на фонтови мора секогаш да биде декларирана последна, а големината на фонтот веднаш пред неа. Другите вредности се внесуваат во зависност од потребата. Доколку бидат изоставени тие ќе имаат вредност normal.

За тие што неможат да го запомнат редоследот по кој се внесуваат вредностите, направив една листа за потсетување, која можете да ја преземете, да ја испечатите и да ја залепите некаде веднаш до вашиот компјутер.


Преземете ја листата за потсетување тука.

gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот: Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

1 коментар

  1. Interesna temicka, bi sakal malku da se iskomentira za razlikata vo familiite serif, sans-serif, monospace…itn. Dali ima razlika samo kaj nekoi fontovi, ili? Isto taka, me interesira, kako da upotrebam moj font, kako da go povikam?
    Fala, sea za sea toa e :)))