Листа на најдобрите PHP frameworks

thumb_frameworks

При развој на некоја веб страна најчесто користиме некој php-framework (според поимникот на МИО би било рамка-водилка), наш сопствен или некој од веќе добро познатите и признати кај PHP заедницата. Овде ќе презентирам листа на PHP frameworks кои моментално се најактуелни и најприфатени од PHP програмерите и новите што имаат голем потенцијал да станат општо прифатени поради нивните карактеристики.

Zend Framework

zend framework

Zend framework е еден од најпознатите и секако еден од водечките, се карактеризира со флексибилна архитектура што овозможува брз развој на апликации и веб сервиси. Сите компоненти се целосно објектно ориентирани и доста независни едни од други. Има екстензибилна имплементација на MVC (Model-View-Controller) со подршка за layouts и templates. Подржува многу видови на бази на податоци: MySql, Oracle, Microsoft SQL Server и др. Претежно се користи за големи корпоративни проекти и не се препорачува за мали интернет страни.

Yii Framework

yii framework

Yii Framework е стриктно PHP5 фрејмворк базиран на компоненти и е најпогоден за развој на големи веб апликации. Доаѓа со подршка за голем број на опции како што се MVC архитектура, DAO/ActiveRecord, I18N/L10N, кеширање, Ajax подршка базирана на jQuery, автентификација и систем за пристап базиран на roles, скафолдинг, валидација на внес, виџети, настани, теми, веб сервиси и др. Напишан во стриктно OOP стил Yii е едноставен за користење, екстремно флексибилен и екстензибилен. Негов адут е брзината, со што според официјалната страна е најбрз од сите други PHP frameworks.

CakePHP

cake php

CakePHP е PHP frameworks за брз развој на апликации со екстензибилна архитектура. Користи општо прифатени design patterns како MVC и ORM со тоа што става акцент на парадигмата„ convention over configuration“ или преферирање на договор, спогодба за именување и работа со класите пред конфигурацијата. CakePHP како што кажува самото име е многу лесен за користење (според официјалната веб страна) и им овозможува на програмерите да пишуваат помалку код. CakePHP може да се пофали со добра документација организирана под името Cookbook. Треба да се напомене дека CakePHP може да работи и на серверски конфигурации со постари верзии на PHP, односно PHP4. Ги подржува сите поголеми и најчесто користени бази на податоци.

CodeIgniter

code igniter

CodeIgniter е платформа за развој на веб апликации со PHP што нуди голем број на опции за решавање на најчестите проблеми во програмирањето со едноставен интерфејс до библиотеките што ги содржи. Како и останатите, и овој фрејмворк нуди брз развој на апликации со што нуди сигурност на истите и голема брзина на извршување. Има подршка за голем број на разноразни серверски конфигурации и верзии на PHP. CodeIgniter не форсира строги начини на програмирање и бара речиси нула конфигурирање. Истотака има и добра документација.

Kohana

kohana

Kohana е стрикно PHP5 платформа за развој на апликации. Елегантен HMVC PHP5 framework што нуди богат сет на компоненти за развој на веб апликации. Бара многу малку конфигурирање, целосно подржува UTF-8 и i18n, и нуди многу од алатките потребни на еден програмер снабден со високо флексибилен систем. Има интегрирано автоматско вчитување на класи, каскаден датотечен систем, конзистентно  API, лесна интеграција со други библиотеки и др. Нема генератор на код, односно скафолдинг.

Се разбира има и други доста користени PHP frameworks, но јас ги издвоив овие како најдобри според мое видување. Повелете дадете го своето мислење во коментари.

gravatar
Автор: Горан Митев
За авторот: Freelance PHP програмер којшто професионално работи развој на комплексни веб апликации, CMS решенија, Е-Бизнис решенија, Wordpress. повеќе >>

5 Коментари

  1. Kohana дефинитивно !

  2. Добра разработка и истражување. Среќен сум што конечно вакви теми има и по нашите сајтови.

    На мојот блог напишав што мислам за апликациските рамки. Накратко, не сум многу голем љубител.

    Рамките се … па … рамки — ограничуваат и обично тешко се менуваат.

    А има и друга причина: PHP не е најдобриот одговор за сите видови на апликации (не, не сум пропонент на Java, или, не дај боже, dotNet).

    Текстот е малку долгичок, па не го напишав во коментариве. http://0.mk/a478

  3. Исто така може слободно да се вклучи во листава и Symphony одма под Zend 🙂 !

  4. А каде е тука Symfony?

  5. Редоследот всушност не е по популарност, и би требало да ги тргнам бројките. Изборот е субјективен, и редоследот е сосем случаен. Верувам дека има доста добри други frameworks што би требало да се најдат на листата, но јас се одлучив за овие пет.