Креирај сопствено „преземи“ копче во Photoshop

Околу дизајн и креирање на графичка содржина на интернет, Delicon блог ќе проба да ви помогне во неколку насоки на креативно изразување. Таквиот пристап, во овој пост, е наменет за корисниците и познавачите на Adobe Photoshop, а темата е веб копче за преземање (download) на македонски јазик.

По вклучување на Photoshop веднаш отварате нов документ што можете да го крстите како сакате, но параметрите и големината треба да се 160×35 px со 72 точки, односно како што е прикажано на чекор_1.

Чекор_1

По првиот чекор избирате Rounded Rectangle Tool што се наоѓа во алатките (Tools) и во поставувањате ја избирате вредноста на заобленоста да изнесува 4px.

Чекор_2

Чекор_2

Со влечење низ целиот простор на сликата креирате правоаголник со заоблени рабови што е истовремено единствениот слој (Layer) во вашата работна околина (односно Layers Panel).

Чекор_3

Чекор_3

Веднаш потоа со двоклик на истиот слој (или десен клик на глушецот избирате Blending Options и ги внесувате вредности во редослед Gradient Overlay + Satin + Inner Shadow како што е прикажано на чекор_4 .

Чекор_4

Чекор_4

Чекор_4

Чекор_4

Сега внесувате текст со алатката за истата цел (или стискање на „T“ тастерот од тастатурата) и во поставувањата за текстот избирате фонт Verdana – Bold – 18pt – Smooth. Се разбира немора да биде Verdana или големината на фонтот истата, но приближно вредностите да се слични за да добиете резултат како што е прикажан на чекор_5.

Чекор_5

Чекор_5

Со цел да изгледа поинтересно текстот можете да го украсите со сенка (Drop Shadow) и ферлауф (Gradient Overlay) користејќи ги Blending Options.

Чекор_5

Чекор_5

Доколку сè што се случува на вашиот монитор изгледа приближно како што наведуваат инструкциите, сега треба да го украсите копчето со стрелка што ќе асоцира на симнување некаква соджина од веб страната. Во алатките ја избирате Custom Shape Tool и ја избирате Arrows како категорија на форми со избор на стрелката како што е прикажано на чекор_6.

Чекор_6

Чекор_6

Чекор_6

Ја вметнуваме стрелката како што е прикажано на сликата и со двоклик на неа ги внесуваме во Blending Options следните параметри Stroke + Gradient Overlay + Outer Glow и крајниот резултат би требало да изгледа вака:

Чекор_7

Чекор_7

Чекор_7

Чекор_7

Финален резултат!

Се надевам дека овие инструкции ќе ви помогнат да откриете некои нови моменти што инспиративно ќе делуваат на вашата креативна содржина што ја создавате. Копчето може да го зачувате и користите на интернет страните без никаков проблем, но добро е притоа да го пофалите и Delicon тимот доколку сакате, а ние ќе ви бидеме бескрајно благодарни :).

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар

  1. Преземи или …. Превземи 🙂