Креативно сафари #3 – Априлска шега

ks3-list.mk

Сакаме да ве предизвикаме на уште едно креативно сафари каде што ќе ја презентирате пролетта на нашите работни околини и Априлилили…

Април е месец на шегата, најпролетниот месец во годината и како таков буди многу позитивни и креативни вибрации во нас. Сакаме да предизвикаме такви позитивни енергии кај вашите креативни клетки и да се почестиме со нова априлска позадина на нашите мониторчиња. Сè што треба да направите е да ја дофатите пролетта низ априлската шега или месецот на шегата како амбиент за дизајнот на позадината. Сликата треба да биде со димензии 1600 х 1200 px во JPEG датотека и истата да ни ја испратите на send {@} list.mk каде што ќе ги разгледаме сите испратени позадини и ќе ги објавиме во еден заеднички текст. Истовремено ќе ги има истите за преземање во десната промотивна колона.

Нема да има раслојување на добри/лоши и најдобри/најлоши туку сите што ќе ги објавиме ќе бидат достапни до читателите на list.mk и секој ќе може да си избере и да си го освежи работниот простор со нова позадина. Дизајнот на позадината треба да го содржи потписот: „за www.list.mk“ и името на авторот во суптилен контекст, а под секоја позадина ќе има линк до портфолиото на авторот (или линк со извор до дела од авторот).

На кратко:

  • инспирација: априлската шега во пролет
  • треба да го содржи потписот „за www.list.mk“ и името на авторот
  • димензии 1600x1200px – JPEG
  • испрати на send {@} list.mk

Рокот за испраќање на позадините е 7 април, се надеваме на голем број креативни предлози.

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

1 коментар

  1. […] веб сервисот за курсна листа на Народна Банка со PHP и SOAPКреативно сафари #3 – Априлска шегаМоќниот сервис Google Translate во праксаИзвадок од […]