Креативно сафари #2

Kreativno Safari 2

Колку убаво, организираме и второ креативно сафари. Колку да биде поинтересно во ова ќе имаме и награди :). Учесниците треба да дизајнираат летни маици со логото и интернет адресата на Лист.мк плус нешто што мислат дека би изгледало убавко преку ликовно изразувње.

Едноставно како два и два. Во ова креативно сафари ќе дизајнираме маици. Дизајнот на маицата ќе мора да го содржи логото на Лист.мк и адресата www.list.mk и секој што сака може да учествува. Нема никакво ограничување, тука зборуваме за сите што знаат Corel-морел, Inkscape, Illustrator или било кој софтвер за креирање векторска графика. Апликантите ќе треба да превземат еден .zip документ што ќе ги содржи материјлите потребни за учество во сафарито. Тој .zip документ содржи EPS, AI, SVG и PDF датотеки кои ги имаат маиците во боја и логото со интернет адресата на Лист.мк. Ќе има текст документ во кој се опишани начините за употреба на тие материјали и описот на задачата.

Со ова би сакале да им помогнеме на сите креативци, со искуство или без искуство, во нивната волја за креативно изразување. Ваквиот начин на здружување помага во социјализирање на поголем број графички дизајнери или потенцијални и слободоумни креативци да споделат искуство и начин на себе инспирирање. Се што треба да направите е опишано подоле.

Како да учествувам?

  • Превземете го документот kf2maici.zip: ПРЕЗЕМИ ТУКА. Внатре има текст документ Opis.rtf во кој се дадени информациите за што понатаму.

Награди

Glavna Nagrada

  • Првонаградениот добива хостинг пакет Advanced од Ухост со 300MB простор и 10GB месечен трансфер, плус три маици со избраниот дизајн и ION рачен часовник.
  • Второ место добива маица со победничкиот дизајн плус ION часовник.
  • Третото место има можност да избере дали сака маица со избраниот дизајн или ION часовник.

Гласање

Гласањето ќе се одвива во две етапи. Едната ќе биде внатрешна и тука ќе се изберат предложените дизајни што ќе учествуваат во натпреварот. Откако ќе бидат објавени дизајните, сите читатели и посетители на Лист.мк ќе може да гласаат преку коментирање на тој пост каде што ќе ги објавиме.

Време

Сафарито ќе трае од денес (23/7/2010) до 9 август 2010 година и може да учествувате со повеќе предлог дизајни. Предлозите ќе ги испратите по електронската пошта на адресата што е дадена во Opis.rtf документот. Периодот од 23 јули до 9 август е временската рамка за испраќање на предлог дизајните, потоа има два-три дена внатрешно гласање па официјално објавени натпреварувачи што ќе ги гласаат гостите на Лист.мк.

Победникот ќе биде објавен на 23 август 2010 година. Со среќа!

Доколку има некои прашања или нејаснотии околу сафарито, повелете коментирајте…

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

7 Коментари

  1. logoto vektorsko za prezemanje??

  2. @goran, логото се наоѓа во фајлот kf2maici.zip во неколку векторски формати.

  3. @goran Ако уште имаш нејаснотии кликни го овој – http://list.mk/wp-content/uploads/ks2maici.zip линк, распакувај го и внатре ги имаш материјалите…

  4. Hai, супра за натпреваро, ама мора да се вклучи Име и Презиме? Сакам да сум анонимен. Можи то некако да се среди, пример праќам број во атачменто и после ако добијам ви го кажвам и сите среќни, а?

    чирз

  5. 3…2…1… next time… gl

  6. Jas glasam za dizajnot A spored mene e najdobar….

  7. Glasam za A…