Креативно сафари #1 затворено

Креативно Сафари #1

Со оглед на фактот дека имаше многу пријавени на кративното сафари за пролетни позадини, ние со тешки маки се одлучивме за неколку (никој не се пријави нели). За тие позадини што не се објавени се надевам дека нема да не сватите погрешно. Објавените позадини што следуваат подоле слободни се за секој да си ги зачува и да си ги користи на својата позадина, само доколку ве прашаат за нив (ама само ако ве прашаат :]) може да нè пофалите малце, благодариме однапред. Големи се 1680×1050 px и 1280×1024 px од двата примери, што исто може и да си ги скратите доколку имате помали монитори.

Пеперутки во пролет

Пролетна позадина сработена за list.mk креативно сафари #1 од kapsarovb.
Слободни за превземање без никакви авторски права залепени: 1680x1024px и 1280x1024px.

Пример позадин Пеперутки

Листови во пролет

Пролетна позадина сработена за list.mk креативно сафари #1 од kapsarovb.
Слободни за превземање без никакви авторски права залепени: 1680x1024px и 1280x1024px.

Позадина Листови

Креативно сафари #2

Искрено се надевам дека ќе има значително поголем интерес за следното креативно сафари (#2) и за сите тие што сакаат да допринесат во споделувањето на креативни зафати нека пишат предлози преку twitter или facebook, се разбира дека ќе бидат разгледани со големо внимание.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

Comments are closed.