Креативно сафари #1

Добредојдовте на нашата софа таканаречена list.mk каде што ќе ја шириме приказната за убавите и симпатични креации на нашата домашна и странска интернет заедница. Начинот на кој ќе го правиме тоа ќе биде на тапет за сите наши посетители и доколку нешто треба да смениме, со задоволство ги прифаќаме и разгледуваме сите ваши коментари. Со цел да ја почнеме креативно оваа голгота би сакале да ја испрезентираме креативноста на нашите графички дизајнери што сакаат или мислат дека тоа што го креираат е добро да го прикажат пред сите.

Тоа би било една инспирација што ја инволвира пролетта, а секој учесник може да ја сподели со нас визуелната симболика што ја доживува како пролет. Ова значи, секој што ќе направи позадина за неговиот desktop со големина 1280×1024 (72 dpi) и има врска со неговото видување за пролетта може да се пријави тука во форма на коментари, а временската рамка за праќање на вашите дела е до 1 јуни. Испраќањето на позадини би се одвивало преку праќање на електронската пошта (send {@} list.mk) и во најмала рака очекувајте да бидат објавени…

Мнозинството на позадини со УАУ ефект ќе бидат објавени како галерија без никакви нивоа или достигнувања. Сите автори ќе бидат потпишани заедно со пораката што би сакале да ја испратат преку „јавна порака“ во наводници на истата електронска пошта што ќе ја испратат заедно со позадината.

Важно: Секој што ќе остави коментар нека го стави како наслов во елетронската пошта неговиот потпис (Name/Име) од коментарот со цел наредниот пост што ќе ги содржи позадините да одговара на пријавата. Доколку нема некаква референца нема да знаеме дали апликантот го прочитал овој краток опис и запознавање на темата што ја обработува како креативно сафари. Нормално сите да си се потпишете во дизајнот на позадината (само гледајте тоа да биде суптилно), повелете…

Замислете само колку луѓе би го користеле вашиот Wallpaper како позадина, доколку е навистина УАУ!?

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

1 коментар

  1. Еве јас го кршам мразот и прв се пријавувам за креирањето на пролетна позадина… :))